1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германките во финалето на СП во фудбал

27 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BkE8

Женската репрезентација на Германија во фудбал ќе игра во финалето на светското првенство кое се одржува во Кина. Бранителот на титулата својот трет пласман во завршницата го обезбеди со убедливиот триумф против Норвешка во полуфиналето од 3:0. Финалниот натпревар германките ќе го играт во недела против победникот од второто полуфинале, Бразил-САД

„ Нашата голема цел беше да стигнеме до финалето и тоа го направивме. Тоа е едно извонредно чувство, многу сме радосни„ изјави по натпреварот Сандра Смисек