1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германките финалисти на светското првенство во Кина

27 септември 2007

Бранителот на титулата во полуфиналето во Тијанџин ја совлада Норвешка со 3:0. Битката за златниот медал е во недела.

https://p.dw.com/p/BkES
Фотографија: AP/Kienzle

Женската репрезентација на Германија во фудбал ќе игра во финалето на светското првенство кое се одржува во Кина. Третиот пласман во завршницата германките го обезбедија со убедливиот триумф против Норвешка во полуфиналето од 3:0. Финалниот натпревар на програмата е во недела. Противник на Германија ќе биде победникот од второто полуфинале во кое на мегдан излегуваат Бразил и САД

„ Нашата голема цел беше да стигнеме до финалето и тоа го направивме. Тоа е едно извонредно чувство, многу сме радосни„ изјави по натпреварот Сандра Смисек

Баерн и натаму убедлив во Бундеслигата

Во вчерашните преостанати дуели од 7 коло во фудбалската Бундеслига, Баерн со убедливи 5:0 го совлада Енерги Котбус и се зацврсти на врвот на табелата. Баер Леверкузен во Нирнберг славеше со 2:1, Арминија Билефелд дома исто така претрпе пораз од Хановер со 2:0, Штутгарт Бохум 1:0, Ајнтрахт во Франкфурт загуби минимално од Карлсруе со 1:0