1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германската влада бара нов процес против Иранката Аштиани

27 декември 2011

Германската влада апелираше до владата во Техеран да не дозволи извршување на смртната казна против Сакине Мохамади-Аштиани, осудена поради наводно брачно неверство.

https://p.dw.com/p/13ZdE
Аштиани повторно соочена со смртна казнаФотографија: rowzane.com

По големите меѓународни критики, смртната казна со каменување во јули не беше извршена. Од пред два дена се вели дека исламските експерти во Иран проверуваат дали пресудата против 43-годишната Иранка може да биде променета. Правосудните органи ја обвинуваат Аштиани и за соучество во убиство на нејзиниот сопруг, поради што има добиено десетгодишна казна затвор. Германската влада, според ополномоштеникот за човекови права, Маркус Ленинг, од Иран бара нов судски процес против Аштиани.

Вчера од Иран дојдоа вести дека Иранката Аштиани би можела да биде обесена. Набљудувачите сметаат дека правосудните органи, поради огромниот интерес во светот за случајот, сепак ќе одлучат против смртна казна. Иранското раководоство не сака нов скандал, но и не сака да создаде впечаток нанадвор дека попуштило под притисок на Западот, сметаат познавачите на состојбите.

Автор: ЕМФ/дпа/ртр

Редактор: Борис Георгиевски