1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германската влада загрижена околу судбината на грабнатите

3 април 2007
https://p.dw.com/p/AgHK

По новиот ултиматум во случајот на грабнати Германци во Ирак сојузната влада е загрижена околу судбината на киднапираните. Портпаролот на министерството за надворешни работи, Мартин Јегер рече дека е горчливо да мора да се гледа како двајца луѓе се понижуваат пред камерите. Кризиниот штаб во моментов работи на новата видео порака. Во текот на ноќта грбнувачите објавија на интернет видео снимка во која бараат повлекување на Бундесверот од Авганистан во текот на наредните десет дена. Експертите сметаат дека грабнатите Ханелоре Краузе и нејзиниот син сеуште се живи.