1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германската влада нема да дозволи да биде уценувана

21 март 2007
https://p.dw.com/p/AgM9

Со оглед на смртната закана за двајцата германски заложници во Ирак , Кризниот штаб во министерството за надворешни работи во Берлин и натаму вложува интензивни напори за нивно ослободување . Државниот секретар Гернот Ерлер,меѓутоа изјави дека германската влада нема да дозволи да биде уценувана. Поради тоа таа не може да го исполни барањето на грабнувачите , војниците на германскиот Бундесвер да започнат да се повлекуваат од Авганистан . Ултиматумот за започнување на повлекувањето истече вчера . Инаку киднаперите се заканија дека ќе ги убијатр 61 годишната Хенелоре Краузе и нејзиниот син . Вчера покрај големиот број други повици , и ирачкиот вице-претседател Тарик Ал Хашими апелираше до грабнувачите да ги ослободат германските заложници.