1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германска помош за конкурентноста на македонските компании

24 февруари 2012

Спогодба за спроведување на втората фаза од Проектот Унапредување на инвестициите и извозот меѓу Македонија и Германија беше потпишана во Скопје.

https://p.dw.com/p/149Vc

Спогодбата ја потпишаа министерот за економија Ваљон Сараќини и директорот на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) Михаел Небелунг. Спогодбата за спроведување претставува документ со кој се продлабочува веќе воспоставената соработка меѓу двете земји во областа одржлив економски развој. Со оваа Спогодба се утврдуваат целите на Проектот како и придонесите од секоја од договорните страни чија цел е да се овозможи успешна реализација на Проектот.

Проектот се имплементира во рамките на билатералната германско-македонска развојна соработка од страна на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) по налог на Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (БМЗ).

„Вкупното времетраење на проектот е од март 2008 до декември 2012 со вкупна вредност на германскиот придонес од 2,50 милиони евра. Притоа, вредноста на придонесот во првата фаза (март 2008 - декември 2009) изнесуваше 0,60 милиони евра, додека во втората фаза (јануари 2010 - декември 2012) се предвидени вкупно 1,90 милиони евра. Проектот има за цел да ја подобри меѓународната конкурентност на македонските компании во секторите текстил и облека, добавувачи на автомобилски делови и ИТ/софтвер, кои припаѓаат во

групата клучни национални индустрии, со највисок потенцијал за генерирање на вработувања, извоз и нови инвестиции“, изјави министерот Сараќини.

Покрај Министерството за економија, партнери во спроведувањето на Проектот се „Инвест Македонија“ -  Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот, Текстилно Трговско Здружение - Кластер за текстил  и Стопанската комора за ИКТ (МАСИТ).

Директорот на Германското друштво за интернационална соработка Небелунг истакна дека развојната соработка помеѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија се одвива од 1992 и оваа година бележи дваесетгодишен успешен континуитет.

„Вкупната сума на досегашниот германски придонес во билатералната развојна соработка изнесува 61 милион евра со кои беа поддржани мерки во повеќе тежишни области во прилог  на подготвување на земјата за идно полноправно членство во Европската Унија“, изјави Небелунг.

Автор: БГ/макфакс

Редактор: Александра Трајковска