1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германските банки ќе и` помогнат на Грција

1 јули 2011

Германските банки и осигурувања ќе учествуваат во новиот пакет мерки за помош на Грција со 3,2 милијарди евра, соопшти германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во Берлин, по разговорите со финансискиот сектор.

https://p.dw.com/p/11n8N
Фотографија: DW-Montage/bilderbox.de

Грчкиот парламент вчера го усвои законот за примена на мерките за штедење. Ригорозната владина програма за штедење предвидува намалување на платите, отпуштање работници, зголемување на даноци и продажба на јавни претпријатија. Со усвојувањето на законските текстови од Парламентот на Грција веќе се исполнети условите да биде донесена одлуката за доделување на следниот дел од финансиската помош за државата, како и за брз напредок кон вториот пакет помош, се наведува во заедничкото соопштение на претседателот на Советот на Европската унија, Херман ван Ромпој и претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо. Двајцата истакнуваат дека во сегашните тешки услови, оваа одлука беше акт на манифестација на национална одговорност. Веруваме во иднината на Грција, благодариме за европската поддршка и солидарност и ги повикуваме сите грчки партии да работат заедно, бидејќи не‘ чека тешка работа, нагласуваат Ромпој и Баросо.

Автор: ЕМФ/ ТТ/ дв

Редактор: Александра Трајковска