1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германските општини бараат воведување на визи за Србија и за Македонија

СН/БГ/дпа13 ноември 2012

Со оглед на растечкиот број на баратели на азил од Балканот, германските општини бараат повторно воведување на визната обврска за земјите како и побрза постапка за одбивање на барањата за азил во Германија.

https://p.dw.com/p/16hd7
Фотографија: picture alliance/dpa

Германските општини веќе сега имаат првични потешкотии да ги обезбедат неопходните сместувалишта за барателите на азил, изјави генералниот директор на Сојузот на општини и месни заедници Герд Ландсберг за весникот „Пасауер Ное Пресе“. Според него постапката за разгледување на барањето за азил би требала да завршува во рок од три недели со обврзувачка одлука. Освен тоа , смета Ландсберг потребно е и повторно воведување на визите за земјите од кои доаѓаат барателите на азил.

Ландсберг упатува на тоа дека само во октомври годинава 2.700 лица од Србија и 1.300 од Македонија поднеле барање за азил во Германија.

Според официјалните податоци на германското министерство за внатрешни работи објавени во минатата недека во октомври годинава биле доставени 9950 барања за азил-речиси 50 насто повеќе отоколку во септември и околу 140 проценти повеќе од октомври 2011 година. „ Овој тренд и натаму е во пораст“, дополнува Ландсберг дополнувајќи „На Балканот со летоци се поттикнува на патување во Германија за да се презими тука“.

Според него барателите на азил од Балканот се речиси исклучиво лица, кои ја напуштаат татковината поради економски причини. 90 проценти од нив не добиваат потврда за бегалски статус. Освен тоа треба да се смета и на фактот дека од Сирија и натаму диоаѓаат луѓе во Германија кои навистина се прогонувани и полагаат надеж на нивното право на азил.