1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германските ракети „Патриот“ речиси сигурно ќе стигнат во Турција

ЖА/дв/дпа/афп22 ноември 2012

Турција сака на границата со Сирија да стационира германски одбранбени ракети „Патриот“. Министерот за одбрана Томас де Мезие е согласен, како и владата. И опозиционата Социјалдемократска партија навестува согласност.

https://p.dw.com/p/16nrz
Фотографија: picture-alliance/dpa

Германската влада начелно изрази подготвеност да стационира одбранбени ракети „Патриот“ на турско-сириската граница. Постои решеност за позитивен одговор на соодветното барање на партнерот од НАТО-сојузот, Турција, изјави германскиот министер за одбрана Томас де Мезие. Тој истовремено побара од германскиот парламент, Бундестагот, да донесе одлука за мисијата во текот на втората недела од декември. Се смета дека за неа е обезбедно потребно мнозинство гласови.

Станува збор за испраќање на две германски воени единици за противракетна одбрана со по 85 војници. Владата во Анкара во барањето истакнува дека ангажманот на ракетите ќе биде „чисто дефанзивен“. Врз турското гранично подрачје досега повеќепати беше стрелано од сириска страна. Турција сака едноставно да се заштити од нападите од соседната земја, каде владее граѓанска војна, истакнуваат во Анкара.

Но, дел од опозицијата во Германија има големи задршки во однос на испраќањето на ракетите „Патриот“ во Турција. Постои стравување од вовлекување на германските војници во сирискиот конфликт. Портпаролот на Партијата на зелените за надворешно-политички прашања Омид Ноурипоур побара повеќе информации пред донесувањето на одлуката. Партијата на левите веќе отсега е категорична дека во Бундестагот ќе гласа против ангажманот на „Патриот“ ракетите во Турција.