1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски Авганистанец е нов министер за надворешни работи во Кабул

Кристоф Хајнцле21 април 2006

Нов министер за надворешни работи на Авганистан е Авганистанецот вратен од егзил во Германија, Рангин Дадфар Спанта. Политикологот и активист против кралевите на војната и исламистите во Авганистан се спротивставуваше уште додека беше во Ахен. Како советник за надворешна политика на авганистанскиот претседател, стана малку повеќе дипломат, но не и потивок.

https://p.dw.com/p/Ae29
Авганистанското знаме
Авганистанското знамеФотографија: AP

Рангин Дадфар Спанта постојано го критикува мешањето на Пакистан во Авганистан и големиот сосед го обвинува за лабилната безбедносна состојба во земјата:

“Ако сакаме да се бориме против причините за тероризмот и неговиот извор – тоа се Мадрасите, некои тајни служби и.т.н., тгоаш за една до две години ќр го победиме тероризмот. “

Дадфар Спанта има 53 години и роден е во семејство на богат бизнисмен во Херат. Студирал во Кабул, Анкара и конечно во Ахен. 23 години живеел како студент и доцент во рајнската боласт. Во групите во егзил се ангажирал за модерен и демократски Авганистан. По падот на Талибанците, во 2001 година, научникот и активист направил долго патување по земјата и сакал да се вклучи во новиот Авганистан. На почетокот на минатата година, Хамид Карзаи го именуваше за свој советник, а сега за министер за надворешни работи. Дадфар Спанта смета дека не се што претседателот почнал и успеало. Но, сепак, кога говори, говори за успесите – за авганистанските девојчиња кои одат повторно на училиште, за новиот устав, за армијата, парламентот и големиот број пратеници жени:

“Сето тоа е големо постигнување. Ако се погледне денешен Аванистан и Авганистан од пред четири години, тогаш нема споредба. Успесите се огромни и ми даваат надеж и оптимизам.“

Рангин Дадфар Спанта има две државјанства – авганистанско и германско:

“Во Германија студирав политички науки и мојата политика веројатно ќе биде под влијание на она што го учев и го предавав. Но, влијанието не е од германската политика, туку од науката.“