1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски реакции на Самитот на ЕУ

24 јуни 2007

Владејачката коалиција во Германија , го оцени компромисот постигнат на Самитот на ЕУ во Брисел како успех на канцеларката Меркел. Сепак има и критички тонови кои доаѓаат пред се од опозицијата.

https://p.dw.com/p/AzqO
Фотографија: picture-alliance/dpa

Сега имаме поедноставен договор , кој е многу комплициран . Овој став на премиерот на Луксембург Жан Клод Јункер по исцрпувачкиот Самит на ЕУ на кој беше постигнат компромис околу идната реформа на ЕУ, го делат и голем број политички набљудувачи во Берлин.

Политичарите пак од редовите на Христијанско Демократската Унија , владејачката партија на чие чело е канцеларката Меркел , пак го подржуваат нејзиниот став според кој најважно е дека е ЕУ повеќе не е блокирана иако беа направени многу отстапки во договорањето на идниот основен договор за Унијата , кој треба да го замени пропаднатиот европски Устав. Тие и оддадоа признание на Меркел фалејќи го нејзиното дипломатско мајсторство . Кон тоа се приклучи и лидерот на втората партија од големата владина коалиција Социјалдемократите , Курт Бек:

“На крајотод краиштата ни успеа да поставиме решавачки насоки за иднината на Унијата . По пропаѓањето на уставниот догоцор , ние сега ќе бидат разработени значајните точки”

Задоволство сигнализираа и германските стопанственици . Здружението на работодавачите и здружението на германската индустрија во заедничка изјава го поздравија компромисот постигнат во Брисел.

Но по која цена е постигнат , тоа е прашање кое барем засегасе заобиколува, иако односот меѓу Германија и Полска ќе остане една од водечките теми во јавноста, бидејќи како што вели Елмар Брок , европарламентарец од редовите на Христијанско демократската Унија:

“ Всушност досега не сме имале ситуација во која една земја во толкава мерка барала конфронтација со друга , како Полска со Германија , што беше поупадливо и од самите барања кои ги изнесуваа Пољаците”

За разлика од партиите во власта ,опоаицијата не е во целост задоволно. Шефицата на Зелените Ренате Кунаст:

“ Суштината беше сочувана во преговорите во Брисел. Но начинот на кој беше постигнато сето, сите овие егоизми на Полска и Велика Британија , сите развлекувања ќе водат кон тоа Европската Унија да го изгуби најнапред добар дел од угледот меѓу граѓаните а и заситеноста од неа да порасне”

Лидерот на Либералната Партија , Гидо Вестервеле ги оцени резултатите од Брисел како успех но не и како посакуваната победа на ЕУ. Партијата на левицата пак не гледа ништо добро во компромисот . Станува збор за срамен резултат и политички банкрот- смета шефот на пратеничката група на оваа партија во Бундестагот, Грегор Гизи:

“ Најтрагично е што основните права се претворени во додаток , па секоја земја може сама да одлучи дали ќе се придржува до нив или не. Тоа секако не е напредок”