1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски топ десет

13 јуни 2011

Меѓу најпродаваните десет синглови во Германија во неделата што е зад нас се проби еден новитет, листата малку се промеша, значи имаше и скокови и падови. Но, како е на самиот врв?

https://p.dw.com/p/11Yzh
Pietro LombardiФотографија: dapd

1. Call My Name - Pietro Lombardi

Првото место оваа недела успешно го одбрани осмиот победник на шоуто-Германски музички идол, Pietro Lombardi со неговиот прв сингл Call My Name.

Pietro неделава може да се радува, условно кажано, на двојна круна и да биде уште позадоволен со оглед дека и неговиот прв албум Jackpott веднаш по објавувањето се искачи на првото место на листата на најпродавани албуми во Германија. Згора на тоа тој од првото место истисна никого друг туку можеби најголемата музичка ѕвезда на денешницата Lady Gaga со нејзиниот најнов албум Born This Way.

2. Party Rock Anthem - LMFAO

LMFAO со синглот Party Rock Anthem забележаа скок од третото на второто место. Еден од најеминентните фанови на калифорниското дуо е Kanye West. Тој го видел членот на LMFAO - Redfoo при еден негов DJ-сет во Кан за време на прочуенито филмски фестивал во овој француски град и веднаш го поканил дуото на заедничка музичка сесија во Париз.

3. On the Floor - Jennifer Lopez feat. Pitbull

Jennifer Lopez feat. Pitbull и нивната многу успешна песна On the Floor се место подолу во однос на минатата недела. Овој сингл во Германија е продаден во преку 300 илјади примероци и со тоа го достигна статусот - платинест. Наредната недела ќе биде објавен новиот албум на Pitbull наречен Planet Pit. Во него покрај гостинските настапи на Kelly Rowland, Ne-Yo,и Chris Brown има и песна со сопругот на Jennifer Lopez, Marc Anthony.

4. Sweat - Snoop Dogg vs. David Guetta

Snoop Dogg vs David Guetta како и минатата недела остануваат на местото број четири со нивниот сингл Sweat. Со тоа овој ремикс веќе десет недели е на германската топ листа на најпродавани синглови.

Flash-Galerie Verleihung der MTV Video Music Awards in New York
PitbullФотографија: picture-alliance / dpa

5. Give me Everything - Pitbull feat. Ne-Yo, Afrojack & Nayer

Pittbull неделава со синглот Give me Everything се искачи од шестото на петото место. Во Германија овој американски рапер со кубански корени во моментов е популарен како никогаш досега. Со четири синглови истовремено тој е застапен на германската топ 100 листа. Но и на интернационален план му оди се’ најдобро. Give me Everything во САД се наоѓа на второто место, додека во Велика Британија на првото место на листата на најпродавани синглови.

6. Set Fire to the Rain - Adele

Синглот на Adele, Set Fire to the Rain направи скок од две места. Од другастрана нејзиниот албум наречен 21 на листата на најпродавани албуми во Германија падна од второто на третото место. Пејачката во интервју деновиве нагласи дека и‘ се допаѓа британскиот принц Хери. Таа верува дека со него може добро да се забавува

7. A Night Like This - Caro Emerald

Истата позиција на листата како и во минатата недела ја задржа популарниот летен хит A Night Like This. Холанѓанката Caroline Esmeralda van der Leeuw која настапува под името Caro Emerald плени со нејзината музика и пред се’ со извонредниот глас. Caro доживува своевиден доцен успех ширум Европа.

Musiker Bruno Marx Flash-Galerie
Bruno MarsФотографија: AP

8. Something in the Water - Brooke Fraser

Минатата недела влезе на Топ 10 листата во Германија како новитет, а сега веќе е едно место погоре. Музичката сензација од Ноз Зеланд, Brooke Fraser ги воодушевува Германците со песната Something in the Water.

9. The Lazy Song- Bruno Mars (новитет)

Ова е единствениот новитет неделава. Pietro Lombardi , победникот на последното издание на германскиот музички идол, кој суверено во последните недели владее со листата на најпродавани синглови, во интервју деновиве изјави дека негов најголем идол е токму Bruno Mars. Уште пред да се натпреварува на популарното кастинг шоу Pietro исклучително го ценел Bruno Mars и како што вели, би сакал со задоволство да го запознае.

10. Price Tag - Jessie J feat. B.o.B

Популарната песна на младата англиска пејачка и композиторка неделава забележа најголем пад на листата на најпродавани синглови во Германија и од петто се најде на десетото место.

Автор: Media Control GfK/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска