Германски топ десет
31 јануари 20111. The Time (Dirty Bit) - Black Eyed Peas
Синглот на Black Eyed Peas, The Time и оваа седмица најдобро се продаваше во Германија. Во меѓувреме, американскиот состав ја пушти во продажба преку iTunes нивната апликација за iPhone и iPad, додека Will.I.Am, еден од членовите на бендот, му се приклучи на тимот за иновации на компанијата Интел.
2. We Are the People - Empire of the Sun
Empire Of The Sun го освоија дури и врвот на Германскиот топ десет со синглот We Are The People, неделава остануваат на солидната втора позиција.
3. Rolling in the Deep - Adele
Во едно неодамнешно интервју, Adele истакна дека раскинувањето со нејзиното екс-момче било најдоброто нешто што можело да и` се случи, бидејќи и` дало инспирација за многу нови песни. Пред да го запознае била речиси во паника, оти не знаела за што да пишува. „Среќа беше што се запознавме и среќа беше што се разделивме“, вели Adele, која во родната Велика Британија се најде на второто место.
4. Over the Rainbow - Israel "Iz" Kamakawiwo'ole
По неколкумесечното владеење на Германскиот топ десет, Izrael Kamakawiwole се спушта од втората на четвртата позиција.
5. Just the Way You Are - Bruno Mars
Bruno Mars неодамна откри дека првпат пред камера застанал кога имал само пет години. Имено, во филмот „Меден месец во Лас Вегас“, малиот Bruno на кратко се појавил како мал имитатор на Elvis Presley. Партнери во филмот му биле ни помалку, ни повеќе, туку холивудските ѕвезди Sarah Jessica Parker и Nicolas Cage.
6. Firework - Katy Perry
Се` уште меѓу најпродаваните десет синглови во Германија ја наоѓаме и Katy Perry со темата Firework, преземана од нејзиниот втор студиски албум Teenage Dreams.
7. Higher - Taio Cruz feat. Kylie Minogue
Во шестата недела од престојот на Германскиот топ 10, Taio Cruz и Kylie Minogue се спуштаат од шестото на седмото место. Kylie моментално се подготвува за големата светска турнеја, на која ќе го претстави новиот албум Aphrodite. Во рамки на турнејата таа напролет ќе ја посети и Германија.
8. Grenade - Bruno Mars (новитет)
Вториот сингл од Bruno Mars меѓу најдобрите десет во Германија е истовремено и единствениот новитет.
9. Barbra Streisand - Duck Sauce
Дуото Duck Sauce неделава се пласира на деветтата позиција во Германија. За снимањето на спотот за песната Barbra Streisand, тие се обратиле до американската пејачка и актерка, со молба лично да се појави во него, меѓутоа таа никогаш не одговорила на барањето.
10. Who's That Chick? - David Guetta feat. Rihanna
Rihanna и David Guetta се пласираат на десеттата позиција. Адвокатот на поранешното момче на пејачката Chris Brown, неодамна поднесе барање до судот за укинување на забраната за приближување до Rihanna. Откако ја физички ја нападна во 2009 година, Brown не смее да и` се приближува на Rihanna, па поради тоа не може да присуствува на многу манифестации.
Автор: Трајче Тосев/Media Control GfK
Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска