1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски филм за Денот на дрвото во Македонија

16 јули 2009

Петмина постдипломци од Институтот за источноевропски студии на Слободниот Универзитет од Берлин снимија филм за Денот на дрвото и пошумувањето во Македонија.

https://p.dw.com/p/Iql7
Мила Шопова и Александар КучминскиФотографија: DW

Филмот “Пуштање корења, зелена акција во Македонија” е дел од нивниот проект кој има за цел да се истражуваат мотивите за доброволниот ангажман во екологијата.

Борис Трајанов и Ерван Фуере се само двете познати лица кои говорат за значењето на дрвото за човекот и природата која не‘ опкружува. По кадрите од пожарите следуваат слики од акцијата за пошумување во Македонија, во која пролетоска учествуваа и млади и стари. “Пуштање корења. Зелена акција во Македонија” е филмот кој следи едно скопско семејство во текот на Денот на дрвото 2009.

Мултидисциплинарна задача

Како петмината студенти од Берлин ја открија оваа македонска тема?

"Идејата беше да дадеме предлог за тема поврзана со добродетелството во земјите од Источна Европа. Така го врзавме со проект за заштитата на животната средина и оттаму излезе и филмот”, објаснува Мила Шопова, додавајќи дека проектот е практично предмет од студиите. Во мултидисциплинарната задача се вклучени Рут Милер, Андреа Кутен, Штефани Геилхоф и Александар Кучмински кој дополнува:

"Од почетокот бевме прилично импресионирани од акцијата, од идејата дека во малата Македонија, во еден ден се садат онолку дрвца колку што има и жители во државата. Се заинтересиравме за акцијата и одлучивме научно да истражиме кој е мотивот за ангажманот на луѓето, кои се интересите, кој се‘ учествува, кој има предрасуди. Ова го поврзавме и со новинарски проект. Го документиравме и филмувавме во еднонедлниот престој: какви се подотовките, како се спроведува акцијата и кои се резултатите. Кучмински кажува дека проектот е така организиран што се истражувани активностите од Денот на дрвото во 2008-та и подоготовките и резултатите од 2009. И тоа со цел да се види што е подобрено, кои проблеми остануваат, дали држат забелешките...

Baum des Jahres Weißtanne
Шумите се големо богатствоФотографија: Kuratorium Baum des Jahres

"Со оглед на големиот медиумски интерес имаше критики дека некои учесници преку акцијата ја зголемуваат својата популарност. Од друга страна има технички проблеми: голем дел од дрвцата поради недоволна грижа не го преживуваат летото - се сушат или се изедени од овците. Не‘ интересираше какви се резултатите, објаснува Александар Кучмински, кој го коемнтира и вистинскиот предизвик околу филмот и проектот:

"Македонија е мала земја и се прашуваме дали една ваква акција би била воопшто можна во Германија. Техничките и финансиските услови се сигурно подобри во Германија, но што е со менталитетот на луѓето и дали навистина би било возможно ваква акција да се спроведе и во Германија. Брзо дојдовме до заклучокот дека Македонија има подобри предиспозиции од Германија. Ја има традицијата за заеднички организирани акции од времето на социјалиостичка Југославија. Луѓето се сеќаваат како во времето на Тито заеднички градеа патишта или пошумуваа. Тоа е она што на Германија и‘ недостига.

"Од филмот останува уште титлувањето, преводот на германски. Публиката во Берлин ќе има прилика филмот да го види кон крајот на октомври или почетокот на ноември. Со организаторите од Скопје разговараме и за можноста филмот да се прикаже и во Македонија кон крајот на оваа или на почетокот на наредната година" дополнува Мила Шопова.

Автор: Силвера Падори

Редактор: Жана Ацеска