1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски фудбалски куп: Баер Леверкузен поразен од третолигаш, елиминиран и Штутгарт

3 декември 2003
https://p.dw.com/p/AeoT
Првите четири дуели од осминафиналето на Германскот фудбалски куп донесоа и една сензација: Баер Леверкузен е поразен и елиминиран од третолигашот ТСГ Хофенхајм, тим од село со три илјади жители, со 3 спрема 2. Домаќинот поведе со 2 спрема 0, Баер стигна до израмнување, но играчите на Хофенхајм бодрени од 6500 гледачи смогнаа сили за победа во финишот. Репрезентативецот Јенс Новотни разочаран по натпреварот оцени: "Ќе беше дрскост да се пласиравме за понатамошните натпревари". Од Купот е елиминиран и водечкиот тим во Бундеслигата Штутгарт - во Менхенгладбах е совладан од Борусија со 4 спрема 2. Тоа е прв пораз на Штутгарт на домашна сцена по 17-ти мај, по серија од 15 натпревари. Вниманието врз себе на оваа средба го сврти 20-годишниот Чех Вацлав Сверкос, кој постигна три гола. За четвртфиналето се пласираа и Алеманија од Ахен, која во Брауншвајг го совлада домашниот Ајнтрахт со 5 спрема 0, како и Дуизбург, кој во изведувањето пенали беше поуспешен од Јан во Регензбург со 4 спрема 2, откако во регуларниот тек средбата заврши нерешено 3 спрема 3, а продолжението не донесе промена на резултатот. Денеска се играат преостанатите 4 натпревари: Вердер Бремен - Херта Берлин, Баерн Минхен - Хамбургер, Келн - Гројтер Фирт и Либек - Фрајбург.

Лига на шампионите: шанса за пласман за Галатасарај по победата над Јувентус

Во заостанатиот натпревар од 5-тото коло на Лигата на шампионите Галатасарај го совлада Јувентус со 2 спрема 0 и си отвори шанса за пласман во завршницата. Средбата беше одложена поради бомбашките атентати во Истанбул и од безбедносни причини се одигра во Дортмунд пред 60 илјади гледачи. Хакан Шукур ги постигна обата гола - во 47-та и 90-тата минута. Јувентус, кој води во Д-групата со 10 бодови и уште претходно го обезбеди пласманот во натамошните натпревари од Лигата на шампионите, играше без седуммина фудбалери од стандардниот состав. Галатасарај сега има шанса со победа во директниот дуел со второпласираниот Реал на гости во Сан Себастијан сепак да се избори за учество во осминафиналето.