1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германско-грчки (анти) симпатии

Јанис Пападимитриу/ Александра Трајковска9 август 2012

Во должничката криза не се препорачува да се зборува со Грците за Германците, а уште помалку обратно, се верува во Грција.

https://p.dw.com/p/15ljJ
Фотографија: dapd

Во германските булеварски весници се бара јужњаците, наречени „банкротирани Грци“, да ги продадат нивните острови за да ги отплатат долговите, а грчките карикатуристи радо ја цртаа канцеларката Ангела Меркел во војничка униформа или како кротител во циркус. Згора на тоа негативните изјави на поединечни политичари во двете земји не го олеснуваат приближувањето меѓу Германија и Грција.

Ваквото лошо расположение не е никавко изненадување, туку само еден аспект од популизмот кој ја зафати цела Европа, кој уште повеќе се засили поради кризата, смета Мариа Јанакаки. Таа е ново избрана пратеничка од редовите на партија Демократска левица во атинскиот парламент. Затегнатото расположение кај Грците против Германците може да биде надминато во европски контекст, смета Јанакаки.

Анкета: Германија „непријателска земја“

„Кризата го заживеа духот на национализмот насекаде во Европа, европската идеја неправедно се дифамира и демонизира“, критикува Јанакаки. Ниту Грција, ниту Германија не се самите виновни за денешната економска мизерија, но тоа мора прво да им се објасни на луѓето. „Тоа во прва линија е задача на политиката на секоја земја, која за жал се запоставува“, подвлекува пратеничката. 

Сосем поинаква слика произлегува од резултатати од анкетата на атинскиот неделник „Епикаира“ објавена пред неколку месеци. Наводно 76 проценти од испитаниците ја гледале Германија како „непријателска земја“; само 1,5 проценти имале чувство на сипатии кон Германија. Пред шест години, пред избивањето на драматичната економска криза  - 80 проценти од Грците во анкетите симпатизираа со Германија.

Пратеничката и политиколог Мариа Јанакаки меѓутоа ја критикува методиката според која се вршат анкетите. „Не знаеме како точно се формулирани прашањата“, подвлекува таа. Јанакаки исто така укажува дека многумина Германија ја поистоветуваат со владата во Берлин или канцеларката Меркел како единка.

Griechenland Finanzkrise Symbolbild Euro Pleite
Грчката финансиска криза симбол за европскиот банкрот?Фотографија: Reuters

И германските политичари придонесоа за лошото расположение

Сепак, за влошеното расположение меѓу Германија и Грција германските политичари не се сосема невини.

„Одвреме навреме се прави обид, на другите земји да им се изнуди економијата да ја гледаат од морален аспект, како да станува збор за злосторство и казна“, критикува Ангелос Ковеос. Дури стануваше збор за тоа, дека случајот со задолжените Грци треба да биде еден вид поука за другите во Европа. Но така не може да функционира сојуз од држави. „Мислам дека сите Европејци во меѓувреме тоа јасно го ставија до знаење, дека така не функционира“, смета атинскиот новинар. Не ни се потребни морализирачки тиради, туку разговор на исто рамниште.

Ковеос пледира за тоа да се надминат германско-грчките недоразбирања. Тој меѓутоа е разочаран од политичарите во двете земји, оти смета дека тие сакаат да се профилираат внатрешно-политички. Меѓутоа сериозните медиуми во овој случај би можеле да преземат водечка улога, уверен е новинарот:

„Задача на медиумите не е само да ги претставуваат конфликтите туку и да ги интерпретираат, и ако е можно да покажат решенија“. Иако тоа во актуелната должничка криза воопшто не е лесно, медиумите барем би можеле да се обидат да ги намалат затегнатостите и да избегнат анти-германскио или анти-грчко незадоволство.