1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германско-француско пријателство

17 мај 2007

Германската канцеларка Ангела Меркел, ден пред самитот ЕУ Руисја, патува во Самара на разговори со рускиот претседател Владимир Путин. Меркел, во својство на претседавач со Унијата и Путин ќе разговараат за клучните прашања кои во последно време доведоа до мала затегнатост во односите меѓу Брисел и Москва. Инаку Меркел вчера во Берлин беше домаќин на новиот француски претседател Никола Саркози.

https://p.dw.com/p/Ans3
Фотографија: AP

Франција и Германија се согласни дека е потребно да се делува брзо за решавање на проблемите во Унијата. Саркози, кој во Берлин допатува непосредно откако положи заклетва на функцијата во Париз, изјави дека пристигнува како пријател. Германската канцеларка Ангела Меркел не се сомнева дека односите меѓу двете земји ќе останат блиски:

“ Германија и Франција си требаат една на друга, нас не врзува и интензивно пријателство. Нема никаков сомнеж дека нашата соработка ќе биде успешна“ изјави Меркел и додаде:

“ За време на прославата на јубилејот на Римските договори кажавме дека до изборите за европскиот парламент во 2009 сакаме да постигнеме договор за уставот и да им кажеме на граѓаните како ќе одиме натаму. Сигурна сум дека ќе се договориме меѓу себе и за тоа денеска ќе ги водиме првите разговори

Новиот француски претседател и се заблагодари на Меркел на поканата да го посети Берлин. Саркози притоа нагалси:

“ Европската Унија треба итно да се извади од парализа. Оттука е нужно Германија која во моментов претседатва со Унијата и Франција која отсекогаш била повластен партнер во Европа да се разбираат“