1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германците имаат богатство од 10 илјади милијарди евра

19 февруари 2012

Кога богатството би било доволно за да се биде среќен, Германците би биле и тоа како среќни! Тие имаат богатство од над 10 илјади милијарди евра и штедат и натаму.

https://p.dw.com/p/14494
Фотографија: Fotolia/Joachim Wendler

Додека владите во време на криза го пребројуваат секој цент, граѓаните на Германија првпат ја надминаа границата од десет илјади милијарди евра лично богатство. Само за споредба - тоа е колку државните долгови на сите 27 земји членки на ЕУ. Податоците за богатството ги соопшти Сојузното здружение на германските банки во Берлин, а се однесуваат на третиот квартал од 2011 година.

Богатството се трупа постојано

Финансискиот експерт Бернд Шпренгер има напишано книга за историјата на парите во Германија. „Во 1960 година, значи 12 години по монетарната реформа, богаството изнесувало 165 милиони германски марки (околу 80 милиони евра).“ 30 години подоцна, нешто пред обединувањето на Германија, богатството изнесувало 2,8 илјади милијарди германски марки, значи околу 1,4 илјади милијарди евра. „Значи Германците во изминатите 60 години биле многу вредни“, вели Шпренгер.

Symbolbild Schulden
Кога долговите ќе се одземат, Германците располагаат со нето од осум илјади милијарди евраФотографија: Fotolia/Gina Sanders

Во актуелната статистика, во сумата од 10 илјади милиајрди евра не се пресметени автомобилите, мебелот, накитот и колекциите на уметнички дела што се во приватен посед. Ако од сумата се изземат 1,5 илјади милијарди евра за кредити, на Германците им остануваат нето повеќе од 8 илјади милијарди евра, што се разбира е вкупен износ и не зборува за тоа како парите се распоредени меѓу граѓаните.

Најважна е сигурноста

Вкупниот износ од осум илјади милијарди евра е четири пати повисок од германското државно задолжување, кое изнесува 2,1 илјада милијарди евра. Германците, токму во делот на финансиите, играат на сигурно. Од речиси 4,7 илјади милијарди евра во пари, повеќе од две третини се во кеш, на штедни книшки или како орочени износи, или пак вложени во осигурувања. Само пет проценти од парите се вложени во акции.

Symbolbild Sparen contra Aktie
Германците штедат постојаноФотографија: picture-alliance/dpa

Шпренгер нагласува дека „на долг рок погледнато, богаството на Германците континуирано расте“. Само кога се случувале крахови на финансиските пазари се намалувала, на пример, висината на депонираните пари во акции, но „тоа не се должи на тоа дека Германците ги трошеле своите заштеди“, нагласува Шренгер. Германците, според него, штедат редовно, само што висината на заштеденото се намалувала поради загубите на берзите и падот на курсевите на акции.

Автор: Клаус Улрих / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: С.Недевски