1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германците (сепак ) имаат смисол за хумор?

5 октомври 2011

Многу германски глумци се профилираат како режисери во жанрот кој во никој случај не е типично германски.Имено, оваа година во германските кина меѓу најгледаните филмови се токму комедиите и тоа од домашно производство.

https://p.dw.com/p/12m4R
Германските комедии ги рушат кино рекордитеФотографија: Warner Bros. Ent.


Германците и нивните комедии -  не звучи претерано ветувачки. Надвор од границите на својата матична земја, познатите германски комичари само се обични, анонимни луѓе. Така остатокот од Европа во 80-тите години воопшто не сфатил што е толку смешно кај комичарот Ото Валкез кој за тоа време Германците ги фрлал во транс. Угледната германска режисерка Дорис Дери во 1985 година ја сними комедијата „Мажи”, а десет години подоцна „Најпосакуваниот човек.“ Иако тие филмови беа вистинско освежување за германската филмска сцена, тие во странство поминаа речиси незабележително. Од германските режисери се очекуваат „потешки“ теми како на пример соочување со военото минато. Филмовите  „Животот на другите”  и  „Пропаст“ привлекоа големо медиумско влијание и го исполнија сето она што и се очекува од германскиот филм: квалитетна, рефлексивна и уверлива драма.

Комедиите - најдобрите филмски остварувања

Kinofilm Der Schuh des Manitu Flash-Galerie
„Чевелот на Маниту" - еден од најгледаните германски филмови на сите времињаФотографија: picture alliance/dpa

Комичарот Бил Хербиг во 2001 година со својот филм  „Чевелот на Маниту“ , пародија на сметка на книгата на Карл Мај, докажа дека глумците добро се снаоѓаат и зад камерата. Направи еден од најгледаните германски филмови на сите времиња -  кој надвор од германските граници скоро никој не го знае. Следуваше цел бран млади и амбициозни актерски таленти кои во свои раце ја зедоа режисерката палка. Во следните десет години тој тренд се развива и резултатот е: најдобрите филмски остварувања во оваа година не се тешките драми, туку токму комедиите кои ги снимале некогашните глумци.

Зимоска во кината пристигна филмот на германската филмска звезда Тил Швајгер „Коковее”. Во август како режисер се обиде уште еден познат германски глумец: Матијас Швајгхефер ја лансира својата комедија „Каков човек.” Во моментов најгледаниот филм во германските кина е второто продолжение на комедијата „ Машки срца” што ја режира Симон Ферхофен. Првиот дел од филмот во 2009 година се стекна со култен статус, а во продолжението на гледачот му се наметнува прашањето за јавето или сонот; тие не знаат да ли треба да се смејат или плачат, да ли е навистина скеч или пак слика на реалноста.

Навалица во кино салите

Flash-Galerie Film Männerherzen von Simon Verhoeven
Тил Швајгер освен како глумец, прави добра кариера и како режисерФотографија: Warner Bros. Ent.

На Ферхофен несомнено му успеа да им измами насмевки на лицата на милионската публика. Филмот „Машки срца 2” шармантно-германски прикажува нова љубов, страдање и надеж на протагонистите. Нагласокот е на меланхоличните и трагикомичните моменти кои уверливо се пренесени на филмското платно. Тил Швајгер, моментно апсолутна звезда на филмската сцена, во ова продолжение остварил извонредна интерпретација на „берлинскиот фраер.”

Овој  убав глумец веќе неколку години во потполност доминира на листата на најуспешните режисери. Неговото непогрешливо чувство за теми кои ја интересираат широката публика го афирмирал во една од најпосакуваните бранши на светот -  филмската индустрија. Во филмот „Кокова” го користи шармот на сопствената ќерка Ема која настапува како дете со двајца татковци, оној биолошкиот кој го запознала на осум години и оној кој ја следел низ животот и ја одгледувал. Со таа тема Швајгер успеал, освен насмевки, да предизвика и солзи. Инаку, односот во т.н. „пачворк-семејства”, во кои се обединети децата на партнерите од минатиот и сегашниот брак, е актуелна тема која интензивно се обработува во разни телевизиски емисии, но и во книги.

Матијас Швајгхефер е најмладото германско новороденче во светот на режијата. Покрај тоа е  многу способен и во рекламирањето на своите дела. Така големо внимание привлекол со ветувањето дека во долна облека ќе претрча низ Брандербуршката капија во Берлин ако во првата недела на неговиот филм привлече 400.000 гледачи. Тоа  и го направил.

Профитабилни дома, непознати во странство

Иако германската комедија сигурно не е за сечиј вкус, тој жанр има многу светла иднина. Ферхофен, Швајгер и Швајгхефер се  глумци на кои превземањето режисерски ангажман им беше „вистински погодок.” Со бројот на продадени влезници докажале дека комедијата е исклучително перспективен и профитабилен жанр. Но, пробивот на меѓународната сцена се´ уште е под знак прашање.

Автор: Јерг Тацман / Светлана Брик

Редактор: Симе Недевски