1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германци во света војна против Асад

Нилс Науман / Александар Методијев13 мај 2013

И германските државјани со потекло од Сирија учествуваат во побуната против сирискиот диктатор Асад. На германските служби тоа не им е по волја и стравуваат дека некои можеби ќе се вратат како терористи.

https://p.dw.com/p/18Qah
Фотографија: Reuters

Двајца мажи со долги бради многу добро зборуваат германски. Швајцарскиот репортер Курт Пелда ги сретна во рушевините на градот Асас на северот од Сирија. Тие на новинарот му признаа дека доаѓаат од Германија и дека се во „хуманитарна“ мисија. Така многу странски државјани го оправдуваат својот престој во Сирија. „Секако дека нема да кажат оти се борат“, вели новинарот кој во минатите месеци сретнал многу борци дојдени од странство. Но, докази нема, бидејќи многу од нив не сакаат ништо да кажат за своето потекло.

Ниту двајцата Германци во „хуманитарна“ мисија не сакаат ништо да кажат – ниту презимињата, ниту градовите од кои доаѓаат, бидејќи по враќањето во Германија би можеле да имаат проблем со службите. Германската разузнавачка служба обрнува внимание на германските џихадисти во Сирија. Германскиот сојузен министер за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих смета дека на страна на сириските бунтовници се борат околу 40 Германци и до 700 Европејци.

Bundesinnenminister Hans-Peter Friedrich Archiv
Ханс-Петер Фридрих, сојузен министер за внатрешни работиФотографија: picture-alliance/dpa

Опасност по враќањето во Германија

„Тие луѓе таму стекнуваат радикални гледишта, се обучуваат за користење експлозив, автомобили-бомби и се’ останато“, вели министерот Фридрих. Тој стравува дека овие луѓе би можеле да го употребат своето знаење по враќањето во Германија. Затоа министерот им нареди на службите внимателно да следат кој и зошто патува во тој правец.

Syrien Rebellen Kämpfer Aleppo 16.04.2013
Сириски бунтовници, кои се борат во Алепо, добиваат помош и од странциФотографија: Dimitar Dilkoff/AFP/Getty Images

Гидо Штајнберг, експерт за терористички активности во Фондацијата за наука и политика, потврдува дека „има обиди за запирање на луѓето да не одат во Сирија“. Но, тој додава дека германските служби всушност воопшто и не можат да го спречат нивното заминување. На крајот, доволно е да се замине на „летување“ во Турција или некоја друга соседна земја и таму, со помош на бунтовниците, многу лесно да се отиде во Сирија.

Гневот од убиствата што го прави режимот на Асад ги тера борците од Германија и другите европски земји да одат и да се борат во Сирија. По правило тие се со арапско и курдско потекло, а важна улога во нивната мобилизација има интернетот. Таму можат да се најдат мноштво патетични музички спотови во кои се покажуваат убиени жени и деца и отворено се повикуваат луѓе да им се приклучат во борбата.

Ал Каеда се грижи за борците

Швајцарскиот новинар сведочи дека конфликтот се’ повеќе се „исламизира“.

„На почетокот се работеше за демократија и слобода. Тогаш се гледаше зелено-бело-црвеното знаме на независна Сирија. Денес пред се’ се гледаат црни знамиња на Ал Каеда“, вели новинарот Пелда. Но, барем за сега, се’ уште се работи за соборување на диктаторот Асад и во Сирија се’ уште не се чувствува желба да се тргне во „света војна“ против „неверниците“ на Запад.

Сепак, експертот Штајнберг предупредува дека дури и „ако се вратат три или четири борци, кои имаат борбени искуства и кои се обучени за борба, и потоа станат терористички активни, тогаш тоа може да претставува голема опасност“. Досегашните искуства покажаа дека само еден од девет лица кои минале низ таква судбина навистина и покажале подоцна склоност кон терористичко делување.

Arabischer Frühling und die Herausforderungen
Гидо Штајнберг, експерт за терористички активностиФотографија: DW/S. Amri

Најголем дел од борците од Германија и другите европски земји кога доаѓаат во Сирија не знаат ништо за војувањето и на почеток повеќе им се товар на бунтовниците, отколку што од нив имаат воена корист. Сириските бунтовници многу повеќе им се радуваат на оние кои веќе се бореле во Авганистан, Ирак, Јемен или Либија. Портпаролот на Слободната војска на Сирија Малик ал-Курди, прашан што ќе биде со „странците“ по соборувањето на диктаторот, јасно вели дека за нив веќе нема да има место во Сирија. „Ќе им кажеме многу ви благодариме и догледање!“