1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гизеле Биндхен сака евра

14 ноември 2007

Едно време Американците за еден долра добиваа евро и 20 центи. Тоа беше во декември 2000-та и тогаш еврото беше најефтино. Денес за еден долар се добиваат само уште 70 евро-центи. .

https://p.dw.com/p/CDhm
Гизеле Биндхен љуби евраФотографија: AP

Таа е млада, убава и токму затоа и богата. Бразилската топ-моделка Гизеле Биндхен заработува годишно 33 милиони долари. Куп пари, би се рекло, но можат да бидат и повеќе, до колку таа место долари, заработува евра. Зашто, ако се направи математика, таа годинава, поради слабиот долар, ќе има загуба од 2 ипол милиона евра. Биндхен спаѓа во кругот познати кои радо би му дале црвен картон на доларот и би се префрлиле на евро. Така барем тврди американскиот економски магазин „Форбес„. Нејизното решение нема да го стави доларот под притисок, вели Јерг Кремер од германската Комерцбанк, но може да се смета дека Биндхен е само врв на сантата:

„Централните банки што седат врз ридишта резерви од долари, а тоа се пред се азиските, би можеле исто така да кажат:’Ние сакаме да го напуштиме доларот!’ и нивните доларски резерви да ги променат во евра. Тоа натаму би го поскапело еврото, а би го ослабело доларот„.

Кога азиските земји би го направиле тоа, тогаш не би се зборувало за „сумички„ како кај Гизеле Биндхен. Тогаш би станало збор за многу милијарди американски долари. Зашто меѓу 2001 и 2006 година глобалните девизни резерви се зголемија за 150 проценти – на околу 5 илјади милијарди долари. Од нив во трезорите на азиските држави се наоѓаат две третини. Меѓутоа, страв од таква ситуација нема, вели Кремер:

„Во минатото беше вака: кога доларот паѓаше, како сега, најголемиот број банкари велеа:’Доларот паѓа и стана ефтин. Затоа ќе го купуваме’. На тој начин се спречуваше и натаму да паѓа. Очигледно, управниците на девизните резреви во централните банки, постапуваат сосем поинаку од Гизеле Биндхен„.

Кремер е цврсто убеден дека доларот долгорочно повторно ќе се зацврсти и дека силата на еврото е привремена.