1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гласот на народот е последна надеж

Спирос Москову/ Александра Трајковска 16 мај 2012

Во Атина дефинитивно пропадна формирањето влада. Партиите не успеаја, сега само народот може да спречи натамошен пад на земјата, смета Спирос Москову.

https://p.dw.com/p/14wQr

Измачениот грчки народ уште еднаш мора да вежба демократија, оти политичката елита повторно не можеше да постигне спогодба за реална политика за надминување на кризата, зад која ќе застанат сите. Со финансискиот банкрот на Грција пред две и пол години за сите стана видлив и банкротот на политичкиот систем. Двете некогашни големи народни партии, конзервативната Неа Демократија на Антонис Самарас и социјалистичкиот ПАСОК на Евангелос Венизелос, кои ја осиромашија Грција, на изборите на 6 мај претрпеа големи загуби. Сега би биле додуша подготвени да коалицираат, за да ја спасат земјата, но во парламентот повеќе немаат мнозинство. На преговорите изминатите денови во претседателскиот кабинет некогашните великани беа најразумни.

Незадоволните избирачи, пак, толку ги засилија некогашните мали партии, што сега тие играат клучна улога за формирање мнозинство при сондирачките разговори за формирање влада: десничарското движење „Независни Грци“ на Панос Камено и пред се’ радикалната левица на популистот Алексис Ципрас, која се искачи до втора политичка сила во земјата. Заслепени од ненадејното внимание овие партии ветуваат откажување на сите договори со партнерите на Грција и шират илузија дека и без политиката на штедење и структурни реформи е можно останување во еврозоната.

Овие зајакнати партии сега попречија формирање на коалициона влада со редица на максимални барања.

Deutsche Welle DW Spiros Moskovou Griechische Redaktion
Фотографија: DW

Токму во моментот, кога од Бирсел се испраќаат поумерени сигнали во правец на Атина, и постојат укажувања за подобро амортизирање на мерките за штедење, пропаѓањето на преговорите во Атина ја прави ситуацијата покомплицирана. Каде се движи Грција?

Според последните анкети, новите избори ќе донесат и нови гласови за радикалната Левица на Ципрас која евентуално би можела да излезе како најсилна партија. Ако се има предвид дека грчкиот изборен систем ја наградува победничката партија со 50 дополнителни места, тогаш станува јасно каква неволја демне. Тогаш еврозоната од јули ќе има работа со левичарска коалициона влада во Атина, која сака да ги минира меѓународните рамки за спас на Грција.

Единствената надеж е во јуни да биде повисока излезноста на изборите. И тоа пред се’ избирачите кои ќе реагираат повозрасно отколку врвните политичари, за повторно да ги зајакнат партиите кои ја зборуваат горчливата вистина: дека посакуваното останување во европросторот и политиката на штедење се две страни на ист медал.