1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Глобализација 4.0 – само уште едно флоскулче од Давос?

Андреас Бекер
25 јануари 2019

На глобализацијата ѝ е потребен сериозен апдејт, инаку сите ќе бидеме проколнати. Тоа е заклучок од Светскиот економски форум, кој ни ги сервираше и поранешните, дефектни верзии.

https://p.dw.com/p/3C9vI
Weltwirtschaftsforum 2019 in Davos | Klaus Schwab, Gründer Weltwirtschaftsforum
Фотографија: picture-alliance/dpa/Keystone/L. Gillieron

Глобализација 4.0 – ќе ви простиме ако превртувате очи на новото флоскулче од Светскиот економски форум во Давос. Дали навистина ни треба заморувачка аналогија за софтверските апдејти? Кој ли ги брои и онака? Не ли светот сѐ уште се обидува да излезе на крај со четвртата индустриска револуција, една од омилените теми во Давос?

Според овогодинешните креатори на темите, Глобализација 4.0 е потребна кога големи настани се поклопуваат и би настанал хаос, но на овој начин би биле менаџирани без поголеми последици.

„Светот станува компјутер”

Да се земе за пример дигитализацијата на индустријата. „Историски погледнато сме во критичен период каде влијанието од технологијата, четвртата индустриска револуција, ќе се почувствуваат во секој дел од нашите животи, во секој дел од економијата и општеството," вели Сатја Надела, директор на Мајкрософт. „Користењето на компјутери е составен дел од нашите животи. Светот станува компјутер."

Последиците за пазарот на трудот ќе бидат драматични. Ако камиони без возач и каси без касиер станат нормална појава, што ли ќе се случи со милионите возачи и касиери кои ќе останат без работа?

Во таквото сценарио обуката на луѓето е од витално значење исто како и брзите интернњт конекции и заштитата од сајбер напади. „Знаеме дека работата денес нема да биде работа и во иднина“, вели Надела. „Земјите мора да обезбедат нивните граѓани и следните генерации да бидат екипирани со вештини корисни за иднината."

Volvo testet selbstfahrende Trucks im Tunnel
Волво тестира камиони без возач (08.09.2019, Шведска)Фотографија: VOLVO TRUCKS

„Се убива духот на луѓето”

Тоа е голема задача за богатите земји и уште потешка за сиромашни нации. За милионите бегалци, сето ова изгледа невозможно. 24-годишниот Мухамед Хасан Мохамуд поминал поголем дел од животот во бегалскиот камп Какума на северозападот на Кенија. „Ги поминав последните 20 години од животот во камп и таму се враќам повторно следната недела“, вели тој.

„Во Давос сум за да кажам дека не е етички тоа што луѓе се ставаат во кампови во зафрлени места и потоа се преправаме дека не постојат. Не е одржливо и не е добро за човештвото. Тоа убива луѓе. Тоа им го убива духот."

Околу 185 илјади бегалци живеат во капмот Какума, каде Мохамуд неодамна бил избран за зонски менаџер. „Не барам многу, само да ми се дадат алатките да може да заработувам за живот“, вели тој. „Барам пристап до образование, пристап до документи. Пристап до иднина во која и јас се гледам како составен дел."

Место на контрадикторности

Многу луѓе на форумот претставија минимални решенија за серија проблеми – од подобрување на образованието во земјите во Латинска Америка до намалување на отпадот во јапонските општини. СЕФ им дава голем простор на ваквите активисти, а главниот хол во конгресниот центар е декориран со проектни презентации кои имаат за цел да се справат со сѐ - од подобрување на снабдување со чиста вода до намалување на емисијата на штетни гасови.

Повеќе:

-Елита во длабок снег: Што носи Давос 2019?

-Трамп се заканува со „вонредна состојба“ и го откажа Давос

Давос годинава повеќе од кога било е место на контрадикторности. Точно, стотици слетувања на приватни авиони се одговорни за екстремното испуштање на јаглерод диоксид, но бизнис и финансиските момци се тука да направат договори. Но, исто така нема избегнување на повиците за поеколошки, фер и инклузивни начини за водење бизнис.

„Мораме да ги удвоиме нашите напори за да ги решиме заедничките проблеми со кои сме соочени – од решавање на глобалниот систем на трговска размена, борба против корупција и даночно затајување, до справување со егзистенцијалната закана од климатски промени“, вели Кристин Лагард, директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

„Ако сакаме да го испочитуваме ветување за дигитална револуција – во смисла на продуктивност, вработување и долгорочен раст – тогаш мора да осигураме дека тоа ќе важи за сите луѓе."

Со други зборови, потребна е подобра форма на глобализација – без разлика дали ќе се вика 4.0 или поинаку. Но, наместо поголема меѓународна соработка, имаме спорови и конфликти за трговија, климатски промени, бегалци и многу други прашања.

Kakuma Flüchtlingslager
Бегалскиот камп КакумаФотографија: Johanniter/Fassio

Место за држење говори или агент на промени?

Подемот на популизмот во неколку земји ги донесе луѓето на власт кои отворено се против мултилатерален пристап на решавање на проблемите, како што е американскиот претседател Доналд Трамп (кој не ни дојде во Давос) и Жаир Болсонаро, новиот претседател на Бразил.

Во Давос, Болсонаро ги повика бизнисмените да инвестираат во Бразил и вети намалување на даноците, реформа на системот на социјално осигурување и борба против корупцијата. Болсонаро постојано повторуваше дела сака да го следи примерот на Трамп и да излезе од парискиот климатски договор, и ви Давос продолжи да зборува на оваа тема.

Мала е веројатноста дека Болсонаро ќе го смени мислењето иако се сопне на предупредувањата поставени по ходниците на форумот во Давос за опасноста од климатски промени. Останува прашањето дали СЕФ е само бина за настап на високи преставници или вистински агент на промени?

Којзнае. Кога познатиот британски филмаџија Ричар Атенбороу беше запрашан зошто го продуцирал последниот документарец со Нетфликс и дојде за тоа да зборува во Давос, тој одговори: со оглед на опсегот на Нетфликс и влијанието и моќта на оние кои се собираат во Давос „ова е можност која би било неодговорно ако не се искористи."