1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Говори германски за да се разбереме

21 февруари 2012

Денеска е Светски ден на мајчиниот јазик. Причина да се пишува за неопходноста од искоренување на неправилниот, и зајакнување на литературниот германски јазик. Дека тоа не е воопшто лесно, најдобро знаат доселениците.

https://p.dw.com/p/146Ok
Фотографија: Fotolia/HandmadePictures

Германското списание „Светот на германскиот јазик“ потсетува дека е неопходно да се обрати внимание на значењето на стандардниот германски јазик. „Литературниот германски ја обединува нашата заедница“, вели главниот уредник Томас Паулвиц.

Јазичните експерти се бунат против неправилниот германски кој го нарекуваат „киц-дојч“. Се работи за сленг во кој се користат странски зборови, а се почесто и жаргон. Оттука не се работи за независен дијалект, туку за неправилен германски јазик. Експертите тврдат дека „киц-дојч“ го тривијализира сериозниот развој на говорот. Наместо тоа се соочуваме со зачестено губење на јазикот и на јазичната политика. Голем дел од населението не е во состојба доволно јасно да се изрази на германски јазик. Целиот проблем се проширува затоа што на тој начин се отежнува пристапот до образованието.

Непознавањето на јазикот не е дијалект

Паулвиц вели дека „киц-дојч“ не е ништо друго туку лош јазик.

„Погрешно е јазик кој е граматички осиромашен со мал фонд на зборови, да се нарекува германски дијалект“. Првата генерација доселеници во Германија не го познавала добро јазикот на домаќинот, па помош во изразувањето барала во поедноставени јазични структури, значи во еден поедноставен имигрантски јазик, кој дури со втората генерација доселеници добил функционална форма.

Wörterbuch für leichte Sprache
Фотографија: picture-alliance/dpa/dpaweb

Германските јазични стручњаци сметаат дека е „непристојно и арогантно“ ваквиот неправилен германски да се става на исто рамниште со богатите и живописни дијалекти како баварскиот, швапскиот или саксонскиот. Притоа и по малку цинично заклучуваат дека оној кој ќе рече „Одам сестра ми во кино“, не говори дијалект, туку не го познава германскиот јазик.

Систематското исфрлање на членови и предлози не доведува до напредок туку до регресија во германскиот јазик.

„Грешките остануваа грешки дури и ако се употребуваат систематски. Практичноста и нестручноста при употребата на јазикот не заслужуваат пофалби“, вели Паулвиц. Тој го критикува и министерството за наука дека ги охрабрува научниците да етаблираат осиромашен германски јазик. Парите кои се вложуваат за таа намена би било подобро да се искористат за помош на оние кои не го научиле добро германскиот јазик, вели Паулвиц.

Автор: Жељка Башиќ-Савиќ/ Борис Георгиевски

Редактор: Александра Трајковска