1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Големата коалиција ќе ги продолжи започнатите реформи

Силвера Падори30 ноември 2005

Германија во наредните десет години да се врати во групата на трите економски најсилни држави во Европа - ова е само една од целта која во владинито експозе пред Бундестагот го изнесе канцеларката Ангела Меркел

https://p.dw.com/p/AcAt
Канцеларката Ангела Меркел јавно му се заблагодари на нејзиниот претходник Герхард Шредер за започнатиот реформски курс
Канцеларката Ангела Меркел јавно му се заблагодари на нејзиниот претходник Герхард Шредер за започнатиот реформски курсФотографија: AP

За првата владина изјава пред Бундестагот и образложението на точките кои ќе бидат во фокусот на идното четиригодишно работење на владата на големата коалиција, канцеларката Ангела Меркел посвети полн час и половина. Стартот, меѓутоа, на нејзиниот настап од говорницата го имаше топ актуелноста - осудата на грабнувањето на германската државјанка Сузане Остхоф во Ирак и барањето од киднаперите германската влада да ја сопре соработката со ирачката, за што Меркел изјави дека

Владата и овој парламент не дозволуваат да бидат уценувани. Сите напори на владата се наочени да се спасат животите и да бидат ослободени Сузане Остхоф и нејзиниот возач изјави Меркел подвлекувајќи дека меѓународниот тероризам е непроменет и останува голем предизвик за меѓународната заедница.

Во визирот на кабинетот во текот на наредните четири години, како најави Меркел остануваат спроведувањето на започнатите реформи кои ќе бидат стопански замаец.

“Барањата на Владата во однос на земјата и натаму не се намалени. Сакаме да постигнеме предуслови, во наредните 10 години Германија повторно да припаѓа на водечката тројка во Европа. Тоа е легитимно и значајно. Идеја е да се намали бирократијата, да се зголеми просторот за дејствување’’. Меркел, инаку јасно и гласно од говорницата му се заблагодари на нејзниниот претходник Герхард Шредер за неговата смелост и Агендата 2010. Ваквите ловорики за нејзиниот довчерашен најлут противник предизвикаа бурни реакции во пленарната сала под стаклената купола, како и онаа нејзина забелешка за големата коалиција според која никој до скоро и помислуваше дека Унијата и социјалдемократите ќе откријат толку заеднички врски и дека можат да подготват и предложат една збиена програма за наредните 4 години. Или, дали некој помислуваше дека претседателот на партијата на коалициониот партнер на Меркел ќе доаѓа од Бранденбург , но и конечно дека една жена ќе биде на чело на владата?

Во делот на коалициониот договор насочен кон внатрешните реформи акцентот е ставен од промените во даночниот систем , преку подобрување на условите на пазарот на труд и санирањето на здравствениот и пензискиот систем, до новиот федерализам и интеграцијата на странците. За паралелни општества, и покрај воспоставениот дијалог, Германија нема да има трпение истакна Меркел која не ја заобиколи ниту надворешната политика. Новата влада со сите свои сили ќе настојува на тесни, чесни, отворени и односи полни со доверба со трансатлантските партнери. Затоа канцеларката Ангела Меркел смета дека американската влада ќе ја земе за сеиозно грижата на Европа околу тајните прелети и затворите на ЦИА и дека ова прашање кое го актуелизираше и шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер кој престојува во САД, во најкус рок ќе се разјасни.