1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Uran Iran

30 ноември 2009

Иран има намера да изгради 10 нови постројки за облагородување ураниум. Рeакции на загриженост во светот. Дали заканите се само пропаганда и зошто ефектот на предупредувањата од страна на Западот е мал?

https://p.dw.com/p/KkoR
Иранската атомска постројка во БушерФотографија: ISNA

На најавата од Техеран за градење нови постројки за облагородување ураниум дојде веднаш и соодветна реакција од американскиот Стејт департмент. Со тоа Иран ги крши меѓународните обврски што ги презел, имено да престане со сите активности за збогатување на ураниум. Загриженост стигна и од официјален Берлин, каде се нагласува дека Иран мора да соработува со Меѓународната агенција за атомска енергија.

Најавата на иранските власти за градење 10 нови атомски постројки би можела да биде и своевидна реакција на најновата осуда на Меѓународната агенција за атомска енергија со седиште во Виена упатена на адреса на Техеран. Иран претходно најави дека ќе уследи остар одговор на осудата содржана во Виенската резолуција.

Пропаганден потег?

Но, колку и да се крупни упатените закани од официјален Техеран, тие веројатно ќе останат исто толку без конкретни последици, колку и спомнатата резолуција од Виена. Зашто, за Исламската Република не е лесно да изгради 10 такви постројки. Дека веројатно станува збор за пропаганден потег зборува и фактот што Иран можеше едноставно да се откаже од Договорот за неширење на атомското оружје, доколку навистина сакаше да му упати сериозен удар на Западот. Тоа би имало за последица, инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија да немаат ни можност, ниту право да вршат инспекција на атомските постројки во Иран. Наместо тоа, од Техеран на викендот дојдоа дури нови изјави дека Иран се чувствува обврзан со одредбите на Договорот за неширење на атомското оружје.

Iran Landscape Banner Atomenergie Iran
Во долгогодишното натегање меѓу Иран и западот околу атомската програма на Техеран - нема битно придвижување

Се‘ е исто, само датумот е друг

Експертите проценуваат дека реално гледано, настрана од пропагандната војна, нема некое битно придвижување во долгогодишното натегање меѓу Иран и Западот околу атомската програма на оваа земја. Вистинска промена би можело да се случи кога иранскиот врховен духовен лидер Ајатолахот Али Хамнеи би ја прифатил понудата за директни разговори со САД. Но, таквиот чекор не и’ одговара на раководната елита во Иран. Таа е внатрешнополитички ослабена и затоа и’ е многу потребен непријателскиот став кон САД за да ја сочува внатрешната кохезија.

Потрага по нова тактика

Така, и натаму останува потрагата по нова тактика за надминување на спорот околу иранската атомска програма со дипломатски средства. Другите решенија, како на пример военото решение коешто го заговара Израел, или пак заострувањето на санкциите против Иран, што го бараат САД, содржат или преголем ризик или премал изглед на успех. Во сето не смее да се заборави дека Русија и Кина, како членки на Советот за безбедност на ОН со право на вето имаат свои интереси поврзани со Иран.

Автор: Улрих Пик / Горан Чутаноски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска