Катастрофи
Голем пожар во хотел во Кина
25 август 2018Реклама
Кинеската државна агенција Синхуа, повикувајќи се на информации на локални спасувачки екипи, јави дека пожарот избил во текот на ноќта меѓу петок и сабота.
Сѐ уште не е познато кои се причините за пожарот. Во објектите во Кина често не се почитуваат прописите за заштита од пожар. Освен тоа, се случува да се затворени вратите за бегство во случај на пожар или да се блокирани патиштата за бегство. Поради тоа, во пожарите често има многу жртви.
Во април годинава во пожар во еден караоке-бар на југот од Кина загинаа 18 луѓе. Во пожар во 2015 година, кој изби во приватен дом за нега во провинцијата Хенан, животот го загубија 38 пациенти.