1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Голем чекор кон финалето

19 април 2006

Фудбалерите на Барселона беа поуспешни нагости против Милан во полуфиналето на Лигата на Шампионите со минимални но исклучително важни еден спрема нула.

https://p.dw.com/p/Aeip

Сите очи но и двајца играчи на Милан во текот на 90-те минути од натпреварот на стадионот -Сан Сиро во Милано беа вперени во најдобриот играч на светот , бразилецот Роналдињо. Иако во најголемиот дел од натпреварот беше добро чуван пред се од Џенаро Гатузо , бразилскиот маѓепсник искористи една мала слабост на играчот на Милан , доволно накратко да се ослободи и да испрати одлично додавање во шеснаесетникот , кое одлично го искористи Лудовик Џули , и во 57 минута го совлада голманот Дида.

„Добра победа против одличен тим “ – коментираше по натпреварот Роналдињо , кој ја предводеше Барселона во одличните втори 45 минути од натпреварот. Во првото полувреме Милан беше подобар , со три изгледни шанси за гол.

Тоа му дава надеж на тренерот на Милан Карло Анчелоти дека сеуште постојат шанси на реваншот на Ноу Камп во Барселона:

Не ни треба чудо , но ќе ни биде потребна неверојатна игра за да минеме во финалето- изјави Анчелоти по средбата.

Неговиот колега на клупата на Барселона но и поранешен соиграч, Франк Рајкард беше презадоволен по натпреварот:

„Ова е многу важен резуултат . Игравме во една тешка арена против извонреден тим и не беше лесно“

Денеска се игра второто полуфинале во Лигата на Шампионите . на Хајбери во Лондон , играат домаќинот Арсенал и шпански Виљареал. Возвратните средби од полуфиналето се играат за една седмица.