1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Голиот принц Хари и слободата на печатот

Барабара Везел / Елизабета Милошевска Фиданоска25 август 2012

Британскиот булеварски весник „Сан“ ги објави фотографиите на голиот принц Хари во Лас Вегас на правата страница и притоа се повика на слободата на печат. Случајот сега може да се најде пред британската Етичка комисија.

https://p.dw.com/p/15wgX
Фотографија: picture-alliance/dpa

Она што почна како интернет сензација, во која еден американска трач интернет страница ги објави сликите на голиот принц Хари направени при стрип-билјард, во меѓувреме се претвора во голема медиумска дебата околу значењето на слободата на печатот наспроти правото на приватност.

Булеварскиот весник „Сан“, и покрај предупредувањето на Палатата, ги објави фотографиите на Хари. „Нам ни е до слобода на печатот“, изјави Дејвид Динсмор, кој е дел од раководството на весникот. „Станува збор за апсурдна ситуација - една слика да може да ја видат милиони луѓе на интернет, но да не може да се види во најголемиот весник во земјата“, додава Динсмор.

Сега Комисијата за етика на печатот, кој е медиумски орган за саморегулација, го разгледува прашањето дали да се вклучи во случајот. „Тука е важни мислењето на погодените лица. Значи мора да видиме што ќе кажат претставниците на принцот Хари и дали сакаат да вложат официјална жалба“, нагласува Џонатан Колет, член на Комисијата. Досега има жалби само од одделни граѓани. Тие сметаат дека она што го направил Хари не е толку страшно: „Тоа не е ничија работа. Тој се забавувал и потоа се нашол на интернет, но тоа е така денес“, вели еден Британец, а како него размислуваат многумина.

Flash-Galerie europäische Königshäuser Großbritannien Schloß Buckingham Palace in London
Ќе поднесе ли жалба Бакингамската палата?Фотографија: picture-alliance/Frank May

Наредниот проблем за весниците на Мардок

Дополнително масло на огнот приказната добива со скандалот на прислушување кој се одвива во заднина. Истражна комисија и натаму работи на случајот со илегални методи на прибирање информации од страна на весниците на Руперт Мардок, како „Њус оф д Ворлд“. Судската постапка е тукушто отворена, а еден од весниците на Мардок со објавувањето на фотографиите на голиот принц веќе повторно предизвикува внимание. Еден од водечките новинари во весникот „Њус оф д Ворлд“ кој во меѓувреме престана да излегува од печат, ја брани акцијата на „Сан“: „Тоа е исправна одлука. Ако Палатата сега поднесе официјална жалба, ќе мора да се оди на суд, а тоа би бил процес кој ќе предизвика многу големо внимание и во кој ќе станува збор за законот за човекови права и правото на приватност“.

Prinz Harry
Ноќ што ќе му преседне - принцот ХариФотографија: AP

И тоа, се разбира, би бил празник за булеварскиот печат. Политичарот од редовите на лабуристите Џон Прескот, кој се вбројува во жртвите на скандалот со прислушување на весниците на Мардок, околу мотивите на весникот во случајот со принцот цинично констатира: „Се работи само за пари. Некој прави фотографија и заработува пари, други ја кулуваат и заработуваат уште повеќе пари. Тоа нема ништо со јавниот интерес наспроти приватната сфера, туку станува збор само за профит“.

Во меѓувреме, наводно во Лас Вегас се понудени на продажба и други фотографии од спорната ноќ на принцот Хари . Принцот веројатно ќе ја проколне ноќта во коцкарскиот рај Лас Вегас.