Гордана Јанкулоска

Гордана Јанкулоска, родена на 12 октомври 1975 година во Охрид, дипломиран правник, македонска политичарка и министер за внатрешни работи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Јанкулоска беше десетти министер за внатрешни работи во независна Македонија, извршувајќи ја функцијата во четири последователни влади на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2015 година. Оставка поднесува на 12 мај 2015 година, неколку дена по крвавиот инцидент во Куманово во кој загинаа 8 припадници на македонските безбедносни сили.

1 | 3