1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Град на соништата“

3 октомври 2009

На пет локации во Охрид, млади од пет земји снимија документарен филм за градот. Проектот беше финансиран од фондот на Европската комисија во Брисел.

https://p.dw.com/p/JvaU
Плаошник, ОхридФотографија: Petr Stojanovski

Млади од Македонија, Албанија, Србија, Естонија и Португалија во рамките на проектот „Да ја документираме нашата културна историја“ го снимија документарниот филм под наслов „Град на соништата“.

Orthodoxe St.Naum Kirche beim Ohrid See, Mazedonien
Свети НаумФотографија: AP

По десет дневна напорна работа тимот што го снимаше филмот го претсави на публиката. Проекцијата предизвика бура од позитивни реакции но и досетки и шеги меѓу учеснцит како го снимаа и монтираа филмот за Охрид.

Ивана Јанковска, координатор од здружението „Доверба“ од Куманово за Дојче веле изјави: „Младите се презадоволни бидејќи има и такви кои досега воопшто не беа слушнале за Македонија. Но овде наидоа на култура и традиција, која за нив била неочекувана. Пријатно беа изненадени. Сите имаат желба повторно да се вратат тука. Од филмот беа задоволни и гледачите, и реализаторите.“

Весна од Белград вели: „Носиме дома нови пријателства, нови познанства. Многу повеќе научивме за разликите во културите. Имавме национални вечери. Дома заминуваме и со основни знаења од снимањето и монтажата на филмот. Мислам дека бевме успешни.“ Во делот од филмот резлизиран по идеја на Весна и нејзините другари доминираше религискиот мотив: „И ние Србите сме православни. Овде има 365 различни цркви и манастири. Тоа беше мојата идеја.“

Albanien Land und Leute See Ohrid ind Dorf Lin
Поглед на Охридското езеро од селото Лин во АлбанијаФотографија: Mimoza Dhima

За Ерис од Поградец, разбирливо синилото на езерото од оваа страна било доволна провокација за да го овековечи во филмот. Од Поградец тој вметнал кадри од шеталиштето крај брегот, а од Охрид слики од езерото, стариот дел на градот и црквите. Тој веќе ги поканил учесниците да го посетат неговиот роден град: „Ги поканив пријателите од проектот да дојдат и да го видат езерото од другата страна. Посетата зависи од нив.“

„Прекрасна земја, убаво езеро и прекрасни луѓе, така ќе им ја опишам Македонија кога ќе се вратам во Порто,“ вели Соња. „На почеток се плашевме дека нема да ни се допадне Македонија како помала земја. Но, сега ни се допаѓа и би сакале да останеме уште.“ Слични се импресиите на Естонката Трин: „Многу ми се допадна Охрид. Имам силни чувства. Мал град, а ви буди емоции. Многу ја сакам водата. Го снимав нејзиното ’раѓање’ и животот на рибите кај Свети Наум. Други ја овековечија црквата. Ова е земја со прекрасна природа и прекрасни луѓе. Овде остварив интересни средби. Се надевам ќе продолжиме да соработуваме меѓу себе.“

Panoramabild von Ohrid
ОхридФотографија: Petr Stojanovski

„За ден и пол измонтиравме 45 минутен филм. Младите имаа посебна енергија,“ заклучува режисрката Фросина Наумоска: „Јас првпат бев ментор, па вложив се’ од себе,“ дополнува Наумовска. Реакциите после филмот беа позитивни, посебно од Охриѓани.

Семинарот заврши, приказната за Охрид и Македонија ќе продолжи да живее преку филмот. Тој ќе има своја промоција во петте земји, кои учествуваа во реализацијата на проектот.

Автор: Милчо Јовановски

Редактор Александра Трајковска