1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Графити со помош на светло

7 август 2009

„Лајт рајтинг“ или цртање со помош на светло е нова насока која во последниве години се разви од уметноста на цртање графити. Оваа техника ги направи Дејвид, Марсел и Јенс славни и им обезбеди многу нарачки.

https://p.dw.com/p/J5Yu
Фотографија: LICHTFAKTOR

Веќе неколку месеци рекламните плакати и анимации на уметничкото трио „Лихтфактор“ од Келн се многу барани. Дејвид, Марсел и Јенс навечер одат во град и цртаат светлосни графити – и се тоа законски. Нивните видеа и фотографии може да се видат на „Јутјуб“, „Мај спејс“ или на блоговите кои се занимаваат со улична уметност. Благодарение на интернетот, овие млади уметници за брзо време станале славни и го привлекле вниманието на голем број интернационални компании и рекламни агенции.

Наместо автолакови, нивниот прибор се џебни светилки и фотоапарати. Тоа ги разликува од „вистинските“ графити-уметници. Тргнуваат во акција кога се смрачува и нивното работно место се автопатите, центарот на Лондон или модните ревии. Дејвид става темна качулка на главата. Со помош на светилката остава трагови во ноќта. Марсел го фотографира сето тоа. За секоја фотографија имаат по 30 секунди време. Така прават серија слики кои подоцна, на компјутер, ги спојуваат како анимација, и така на пример во центарот на Лондон може да се види како се движи некоја светлосна гасеница.

Се‘ почнува со мала џебна светилка...

Kölner Künstlerkollektiv Lichtfaktor
Работно место: автопати, центри на градови, модни ревии...Фотографија: LICHTFAKTOR

Марсел ја објаснува нивната технологија на работа: „Најпрво потребен е фотоапарат со кој може да се постигне друга експозиција. За да не е матна сликата и да не е во движење, камерата се става на статив. И тогаш со џебна светилка треба едноставно да се црта во воздухот. За нас беше најважно при светлосното цртање да го искористиме целиот простор.“

Марсел Пане има 38 години и живее во Келн. Преку видео уметноста и фотографијата дошол до цртањето со светлина. Првите нарачки ги имал заедно со графити – уметникот Дејвид. Во меѓувреме „Лихтфактор“ доби три члена, кои не можат да кренат глава од нарачки. Дваесет и деветгодишниот Дејвид веќе одамна своите лакови ги замени со светилки: „Отсекогаш со задоволство цртав. Започнав да се занимавам со графити, но и со илустрација. Разликата меѓу графитите и цртањето со светлина е во тоа што сега всушност немам никаква подлога. Се‘ е дигитално, нема ниту фотографска хартија. Инаку имам хартија или некој ѕид на кој сликам", објаснува Дејвид.

Kölner Künstlerkollektiv Lichtfaktor
Лаковите се заменети со светилкиФотографија: LICHTFAKTOR

Се‘ почнува со мала џебна светилка, иако кога работат на некои нарачки, момците ги користат сите можни извори на светлина. Триото работи и на својот изум „Лајтпринтер“, уред кој при брзи движења со мали светилки што трепкаат пишува зборови во воздух. Компјутеркиот програмер и видео џокеј, Јенс Хајнен, во изминативе шест месеци развива различни извори на светлина со кој Дејвид потоа црта. Јенс го објаснува својот пристап: „Тоа е една се‘ уште млада уметничка техника и сакам и понатаму да ја развивам. По струка инаку сум градежен инженер, отсекогаш сум бил наклонет кон техниката, но и уметноста, и мислам дека спојот на тие две нешта е мошне интересен.“

И Пикасо цртал со светло

Најважен дел од нивната работа се анимациите на светлината. Музиката за тие видео-клипови ја подготвува човек кој се крие под името „Д грин мен“: „Тоа е Хајнер Краусе. Тој е „Д грин мен“, диџеј и основач на најголемата „драм енд бас“ дискографска куќа во Германија. Сите овие години за него правев визуелни ефекти на забавите и така почнав да работам и како „ви џеј“ – видео џокеј“, вели Марсел.

Kölner Künstlerkollektiv Lichtfaktor
Анимациите се најважниФотографија: LICHTFAKTOR

Уметниците од Келн патуваат по цел свет. Цртањето со светло не е така нов метод. До сега и Пикасо експериментирал со таа техника. Меѓутоа новите медиуми, дигиталната фотографија и интернетот и отвараат нови патишта на светлосната уметност.

Автор: Улрике Хумел / Ана Алибеговаж

Редактор: Александра Трајковска