1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грање: Европската комисија не знае дали ќе се отворат преговори со Македонија

1 декември 2011

Директорката на Директоратот за проширување на Европската комисија, Александра Кас Грање денеска во Скопје посочи дека ЕК сака да ги продлабочи односите со Македонија и се надева на разрешување на проблемот за името.

https://p.dw.com/p/13KjQ
Фотографија: Petr Stojanovski

Директорката на Директоратот за проширување на Европската комисија, Александра Кас Грање вели дека не се знае точно дали одлуката на Судот во Хаг, во спорот меѓу Македонија и Грција, би можела да влијае на одлуката за почеток на преговори со ЕУ. „Не треба да веруваме во ништо конкретно, бидејќи ништо точно не знаеме. Ќе видиме што ќе каже Судот в понеделник. Со нетрпение ја очекуваме одлуката, исто како и вие, и се надеваме дека ќе има разрешување на проблемот со името, што е важно и за нас“, рече Кас Грање по потпишувањето на Спогодба за финансирање на националната програма за компонентната помош во транзиција и институционална надградба во рамките на Инструментот за претпристапна помош - ИПА со вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи.
Таа посочи дека ЕК сака да ги продлабочи односите со Македонија и оти се надева дека одлуката на Судот ќе биде во таа насока.
„Европската комисија по трет пат годинава препорача дека може да се започнат преговоритеза членство со Македонија. Ние си ја завршивме нашата работа, а сега е време за другите институции да го направат тоа. Ќе видиме каков ќе биде исходот, но не можам да кажам кога точно ќе започнат преговорите бидејќи тоа е надвор од мандатот и контролата на нашата институција и е прашање на други судови“, рече Кас Грање.

Автор:АМ/СН/миа

Редактор: Жана Ацеска