1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски апелира Македонија да го добие тоа што го заслужи

СН/БГ/миа9 мај 2012

Македонскиот премиер на свечената академија по повод Денот на Европа порача дека на земјата треба да и биде овозможено да исчекори напред на полето на европските и евроатлантските интеграции.

https://p.dw.com/p/14sLh
Фотографија: AP

„ Македонија се определи за евроатланстките интеграции како своја старешка цел, но на тојпат е попречена од еден виртуелен спор кој го имаме со една земја членка на ЕУ и на НАТО и наш сосед.Помогнете ни да го добиеме тоа што сме го заслужиле и вредно одработиле, членство во НАТО и преговори со Унијата“,
истакна македонскиот премиер Никола Груевски на свечената академија по повод Денот на Европа на која присуствуваше државниот врв, дипломатскиот кор и други гости.
„ На мојата земја треба да и биде овозможено да исчекори напред на полето на европските и евроатлантските интеграции и да ги почне преговорите за членство во ЕУ и да стане член на НАТО. Сметам дека е исправно на Европскиот совет да биде прифатена препораката на ЕК за определување датум за почеток на преговори на Самитот на НАТО во Чикаго да бидеме примени за член и ова не е туку така само израз колку да ни помине денот, ова е јасно и недвосмислена порака од повеќе од два милиони луѓе и живи души кои ја трпат оваа неправда која енормно ни скрати од нашиот развој и нашата перспектива“, порача Груевски.

„Не бараме награда или сожалување“

Mazedonien Skopje EU-Kommissar Stefan Füle
Фотографија: MIA

Тој упати апел Македонија да го доби она што го заслужила.
„ Апелирам, помогнете ни да го добиеме тоа што сме го заслужиле и вредно одработиле. Она што сите граѓани, сите политички партии и општествени групи како во ниедна друга земја го посакуваат и на кои им треба, кои достоинствено и работиливо го заслужија - членство на Македонија во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ. Не бараме награда или сожалување. Бараме да се валоризира и да се цени тоа што сме го сработиле и тоа ќе значи разбирање на потребите и интересите на нашите граѓани да имаат услови за понатамошен социоекономски развој и нови реформи и модернизација базирани на европските вредности“, додаде Груевски.

„Голема неправда“

Тој посочи, оти во изминатиот период државниот врв тропна на секоја врата за да убеди дека нашата идеја е чиста, дека немаме задни намери и отисите критериуми сме ги исполниле. Груевски побара посочувајќи на пресудата на Меѓународниот суд на правдата, изрази уверување дека ЕУ и НАТО ќе ги почитуваат и ќе ги валоризираат неговите одлуки.

Премиерот се осврна и на, како што рече, виртуелниот спор со Грција,којаб ара дасе откажеме од уставното име на држвата и својот идентитет, штого чувствуваме како голема неправда.
„На кој било од вас граѓанин на Европа денес во 21. век да му се каже да не се нарекува Шпанец, Полјак, Германец, Естонец, Италијанец, Чех, Англичанец итн. е голема неправда и сериозно ги руши темелите на европската идеја која не е само голема економија и меѓусебна зависност заради гол интерес, туку е, како што кажав, многу, многу повеќе. Токму тоа и се случува на нашата земја и на нашиот народ. Голема неправда’, рече Груевски.