1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски бара од Грција да не ја користи кризата како алиби

ЕМФ/миа23 јуни 2012

Македонскиот премиер Никола Груевски од новата грчка влада очекува да биде посветена на решавањето на спорот за името и во тој процес да не ја користи како алиби финансиската криза со која се соочува.

https://p.dw.com/p/15KLm
Фотографија: AP

„Ме радува што Грција успеа да го комплетира изборниот процес и да состави влада, и како наш сосед и како членка на еврозоната, зашто тоа беше предмет на стравувања и длабоки анализи во Европската унија за тоа што ќе се случи. Се надевам дека финансиската криза со која се соочува новата грчка влада нема да биде алиби за одбегнување да се вложат напори за да се најде решение за проблемот кој 21 година ги оптоварува двете држави. Се надевам и дека нема да ја користат како алиби за одолговлекување или избегнување за доаѓање до брзо и ефикасно решение кое ќе биде на задоволство на двете страни и, се разбира, на граѓаните на Република Македонија“, рече Груевски денеска (23.06) во Скопје.

Шефот на македонската влада и‘ посака на новата влада на Грција што побрзо да ја надмине тешката финансиска и економска ситуација која, како што рече, силно се рефлектира врз сите земји во Европа и на земјите од регионот.