1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски вели дека не се плаши од избори

ЕМФ/миа16 септември 2012

Македонскиот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, уште еднаш потврди дека неговата партија не се плаши од предвремени избори доколку тие се неопходни.

https://p.dw.com/p/16A0i
Фотографија: MIA

Ситуацијата е се‘ уште исклучително сложена и ќе зависи од многу работи што ќе се случуваат во иднина, изјави денеска (16.09) македонскиот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски. ВМРО - ДПМНЕ останува на ставот дека треба да се донесе Законот за бранители и „ќе ги направиме сите можни чекори и што е во наша моќ тој да биде донесен“, рече тој, одговарајќи на новинарско прашање - како гледа на настаните што се случуваат во Собранието на Република Македонија, со постојаното влегување и излегување од седниците на одредени пратенички групи.

„Како ќе се однесуваат другите политички партии останува да видиме. Ние кажавме дека не посакуваме предвремени парламентарни избори, но доколку бидеме доведени во таква ситуација, не се плашиме и сме подготвени да влетаме во такви предвремени парламентарни избори и да ја добиеме довербата на граѓаните, затоа што работиме одговорно, чесно и посветено, а тоа што го ветуваме - го исполнуваме“, потенцира Груевски одговарајќи на прашањето - каков е ставот на ВМРО - ДПМНЕ во врска со предвремени парламентарни избори.

Според Груевски, најважно е да продолжи функционирањето на институциите. Долку се соочиме со нивно нефункционирање или со непринципиелности од одредени страни, може да реагираме со барање за предвремени парламентарни избори, рече Груевски.