1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски – вонредна собраниска седница

19 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BJsG

Рамковниот договор и уставот не предвидуваат двојазичност во Република Македонија и ниту една партија не треба да се надева на тоа, изјави денеска македонскиот премиер, Никола Груевски. Според Груевски, владата нема намера да исполнува нечии желби што се надвор од Рамковниот договор. Премиерот на тој начин одговори на притисокот на опозиционата ДУИ дека во предлог-собранискиот деловник за работа треба да се вгради законот за употреба на албанскиот јазик. Денеска макеоднскиот премиер потврди дека на вонредна собраниска седница посветена на авро-атлантските интеграции на земјата ќе даде одговор за тоа што е договорено на мајските средби со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.