1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски во Минхен

30 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BlIO

Македонскиот Премиер Никола Груевски оствари повеќе контакти со врвни политичари на германската политика и при тоа лобираше за натамошното интегрирање на Македонија во ЕУ и во НАТО. На маргините на конгресот на христијанско социјалната унија во Минхен, Груевски оствари средба со Канцеларката Ангела Меркел, како и со повеќе министри на германската влада. На средбата со канцеларката особено стануваше збор за очекувањата од претстојниот самит на НАТО во Букурешт. Двајцата премиери се согласија и за натамошно продлабочување на економските односи меѓу Германија и Македонија.