1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски: “Грција е свесна дека ќе загуби“

Александар Чомовски23 март 2007

Грчките и американските меидуми лиферуваа информација дека Метју Нимиц веќе не е псоредник во грчко-македонскиот спор околу името. Македонија демантира. Дали станува збор за забуна или за преговарачка тактика?

https://p.dw.com/p/AdYm
Никола Груевски
Никола ГруевскиФотографија: DW/MIA

Метју Нимиц и натаму ќе биде посредник на ОН во грчко-македонските преговори околу името, како што е веќе седум години. Македонската дипломатија демантира дека генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, во Њујорк наводно назначил свој советник како замена за Метју Нимиц. Грција е свесна дека ќе го загуби спорот околу името, Македонија е свесна дека нема да загуби, изјави категорично македонскиот премиер, Никола Груевски. Тој ги нарече шпекулативни информациите дека по изборите во грција, Метју Нимиц ќе предложи трета алтернативна формула за спорот околу името меѓу Грција и Македонија: “Ние сме влада која прецизно се декларираше за задржување на сегашното име на Република Македонија, имаме координација и со другите институции во државата по тоа прашање, и мислам дека чекориме во добра насока.“

Оваа денешна реакција на македонскиот премиер доаѓа по неколку негови изјави и нападот што потоа следуваше од екс-министерката за надворешни работи, Илинка Митрева. Таа рече: “Никола Груевски понуди капитулација и на државата и на македонскиот народ, затоа што споредувајќи ја Македонија со глушец притиснат в ќош, без излез, тој го понижи македонското достоинство и се откажа од битката за името. “

Груевски одговори: “Најблаго што можам да кажам е дека е срамота што една таква личност, што имаше многу шанси да направи нешто за името, заедно со своите колеги со кои што долго време беше на власт, денеска обвинува една нова гарнитура која има вистински позиции за името, која што за првпат се бори за идеалите поврзани со идентитетот, со уставното име и државноста и која има поинаков пристап од претходните влади.“

Пред десетина дена премиерот Груевски и претседателот на државата, Бранко Црвенковски, и покрај политичките и лични конфронтации, на заедничка средба потврдија – двојната формула е маскимумот толеранција на властите во Скопје околу 15 годишните разлики со Атина за уставното име на Република Македонија.