1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски: Грција мора да ја почитува одлуката од Хаг

27 јануари 2012

Грција не може да биде исклучок туку мора да ја почитува одлуката на Меѓународниот суд на правдата , бидејќи во спротивно тоа би било девалвирање на НАТО, порача македонскиот премиер Никола Груевски.

https://p.dw.com/p/13ryP
Mакедонскиот премиер Никола Груевски.Фотографија: AP

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска (27.01.2012) во Битоле осврнувајќи се на за на неговите разговори во во седиштето на НАТО истакна дека Македонија наишла на добар прием во Алијансата како земја сојузник и партнер која долги години контрибуира во НАТО и земја од која НАТО е задоволен за тоа колку помага во Алијансата. На состанокот според Груевски било истакнато дека дека практично Македонија е подготвена уште од 2008 година за членство во НАТО но за жал тоа не се случува поради блокадата на Грција, проблемот околу кој се одвивал и главниот дијалог во седиштето на НАТО.

„Грција не може да биде исклучок“

Состанокот, истакна Груевски , го искористил и да укаже на неколку работи кои се навистина непринципиелни и кај нас создаваат чувство на неправда, подвлекувајќи го новиот момент со пресудата на Меѓународен суд кој јасно даде до знаење и донесе јасна и недвосмислена пресуда во која укажува дека е прекршено меѓународното право.

Mazedonien NATO Mazedonische Fahne und NATO Fahne
Фотографија: DW / Petr Stojanowski

„Ако ги отворите основните статути на НАТО, ќе видите дека еден од главните столбови на Алијансата е ширење на безбедноста и демократијата и почитување на меѓународното право“, рече премиерот дополнувајќи:

„ Така што не може Грција да биде исклучок бидејќи тоа би било девалвирање на НАТО. Тие мора да најдат начин да се реши тој проблем што го создава Грција, а притоа да не се прекршува меѓународното право“, појасни Груевски.

Автор:СН/ЖА/миа

Редактор: Жана Ацеска