1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски прифаќа вонредна собраниска седница

Александар Чомовски 19 јули 2007

Владата на Македонија ја прифаќа иницијативата за оддржување специјална парламентарна седница се тема евроатланските приоритети на Македонија.

https://p.dw.com/p/BJu8
Премиерот повторно во Собранието на дебата за евроатланските интеграции на МакедонијаФотографија: MIA

Владата ја прифаќа фрлената политичка ракавица, да се организра специјална парламентрана седница за евроатланските приоритети во Македонија. Македонскиот премиер Никола Груевски потврди дека на нае ќе даде и одоговор за тоа што е договорено на мајските средби со челникот на опозициската ДУИ Али Ахмети. Тој решително и демантираше дека во понудениот денешен ребаланс на буџетот има издвоено 300 илјади евра за специјалните социјални права на поранешните припадници на ОНА.

ВМРО ДПМНЕ и владата нема да прифатат официјализирање на албанскиот јазик во Парламентот и во Владата, беше решителен премиерот Никола Грувески „Република Македонија има Устав, поминавме и еден Рамковен договор. Тој Рамковен договор и тој Устав не предвидуваат двојазичност во Република Македонија. Ниту една партија во Република Македонија не треба да се надева на двојазичност и ние немаме намера да исполнуваме нечии желби што се надвор од Уставот и надвор од Рамковниот договор. “

Со ваков категоричен став, премиерот Груевски одговори на притисокот од опозициската ДУИ дека во Деловникот мора да се врати и 46 тиот закон за употреба на албанскиот јазик што беше услов односно повторно враќање на парламентарната група на опозициската ДУИ.

Премиерот Груевски парламентарната резолуција во Стразбур ја оцени како факуклтативна и необврзителна иако во неа се инсистира на доследна примена на политичкиот дијалог со Али Ахмети.

И американскиот амбасадор во Скопје Џилијан Миловановиќ денеска со став, нема криза во македонската политика, но треба да продолжи политичкиот разговор со Али Ахмети врз основа на мајската платформа. Груески и со критика до опозицискиот СДСМ

„Јас сум многу разочаран тоа што повторно и повторно Социјалдемокртскиот сојуз егзистира на создавање на кризи. Криза во општеството, ктриза во државата, интелектуална или каква било криза. Значи правејќи кризи сакаат да се вратат на власт.“

После денешната реакција на премиерот Никола Груевски се очекува вонредно парламентрно собрание што вчера побараа триесетина пратеници, главно од опозицијата, а меѓу потписниците беше и лидерот на Демократската партија на Албанците, владин партнер Мендух Тачи. Но неговиот сопартиец Матоши денеска изјави дека ќе бидат повлечени потписите од ДПА за свикување вондредна парламентарна седница што создава одредена конфузија, како функционира владиното тројно партнерство. Вчера беше јасно дека и лидерот на НСДП Тито Петковски поддржува вондредна парламентарна седница со тема евроатланските аспирации на Македонија.