1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски сака посуштински средби со Папандреу

23 октомври 2010

Македонскиот премиер Никола Груевски изразува подготвеност за нова средба со грчкиот премиер Јоргос Папандреу во врска со спорот околу името, но очекува средбата да биде посуштинска.

https://p.dw.com/p/Pm0i
Никола Груевски и Јоргос Папандреу, фотографија од архиваФотографија: MIA

„Со грчкиот премиер Папандреу досега имав шест средби, а дополнително и претседателот на државата Ѓорѓе Иванов имаше една. Се надевам дека идните средби ќе бидат посуштински и нема да бидат само формални“, изјави премиерот Груевски одговарајќи на новинарско прашање по пуштање во употреба на водовод во општина Јегуновце.

Во врска со претстојниот извештај од ЕК премиерот Груевски истакна дека во изминатиот период е вложен напор за подобрување на состојбите во многу полиња, како земјоделството, економијата, политичкиот систем и очекува дека Брисел соодветно ќе го валоризира тоа што е сработено во изминатите 12 месеци.

Griechenland Mazedonien Bildkombo Flaggen
Фотографија: AP/DW Fotomontage

Папандреу е подготвен за средба со Груевски

Претходно, вчера, портпаролот на МНР на Грција Григори Делавекурас изјави дека грчкиот премиер Јоргос Папандреу е подготвен за средба со македонскиот премиер Никола Груевски пред Самитот на НАТО во Лисабон.

Реакцијата на Делавекурас, како што пренесе агенцијата АНА-МПА, следува по неодамнешната изјава на Груевски дека би се сретнал со неговиот грчки колега Папандреу пред номврискиот Самит на Алијансата.

„Сметаме дека е добро премиерите на двете земји да се среќаваат во секоја можна прилика. Затоа бевме разочарани кога премиерот Груевски не дојде во Њујорк. Се надеваме дека ќе има нова можност за средба на двајцата лидери со цел создавање подобра клима за постигнување решение преку соработка со ОН“, рече портпаролот на грчкото МНР.

Прашан дали во моментов има разговори меѓу двете страни, Делавекурас рече дека Атина е подготвена да биде постигнат напредок и оти нејзините позиции се јасни - име со географска одредница за севкупна употреба. Според него, тоа е фер решение и затоа очекуваат од другата страна да му пристапи конструктивно на преговарачкиот процес.

Автор: ЖА/АТ/миа

Редактор: Жана Ацеска