1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски учествува на форумот на Блед

26 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BY2u

Македонскиот премиер Никола Груевски ќе учествува на форумот “Европа 2020 здружена и обединета” кој попладнево започнува на Блед. Се очекува на средбата да доминира дебата за иднината на Косово и судбината на претстојните преговори со Белград и Приштина. На останатите панел дискусии ќе се зборува за европски интеграции, климатски промени, ситуацијата во Средна Азија и Турција. На средбата учествуваат над 400 високи политичари, преставници на влади, експерти од ЕУ, како и претставници невладините организации и претпријатија. Целта на конференцијата е да се даде придонес кон веќе започнатите дискусии околу предизвиците со кои во моментов се соочува ЕУ.