1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски уште не добил одговор од Пападимос

9 февруари 2012

Фактот дека се’ уште не добил одговор на писмото до неговиот грчки колега Пападимос, според македонскиот премиер е показател оти Грција нема интерес за решавање на спорот за името.

https://p.dw.com/p/140EK
Македонскиот премиер Никола ГруевскиФотографија: AP

Македонскиот премиер Никола Груевски смета дека е добро што медијаторот во грчко-македонскиот спор за името, Метју Нимиц, доаѓа во Македонија и во Грција, но оти останува да се види со кого ќе се сретне во Атина и дали разговорите воопшто ќе имаат некаква суштина.

Груевски уште истакна дека досега нема добиено одговор на писмото што го упати донеговиот грчки колега Лукас Пападимос, што е показател оти грчката страна нема интерес за решавање на прашањето за името. Таквиот грчки став, според Груевски, прави проблем на целиот регион.

Matthew Nimitz
Посредникот Метју НимицФотографија: Petr Stojanovski

„Македонија продолжува да се бори за влез во НАТО“

„ Од една страна Грција зборува за агенда 2014, и вклучување на сите земји од Балканот во ЕУ, а од друга страна максимално го кочи влегување во НАТО и ЕУ на  Македонија, со што прави штета и на Република Македонија и на себеси. Не знам колку се свесни за тоа, но времето ќе им го докаже тоа и прават штета на целиот регион.

Македонија ќе продолжи со сите сили да се бори за решавање на прашањето со името и за влез во НАТО и почнување на преговорите со ЕУ коишто се директно и недвосмислено закочени од страна на Грција“, изјави премиерот Никола Груевски.

Автор: ЖА/СН/миа

Редактор:СН