1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грузија ја обвинува Русија дека го повредила воздушниот простор

7 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BRii

Грузија и префрли на Русија дека руски борбени авиони фрлиле бомба на грузиска територија. Бомбата била фрлена во село во близина на провинцијата Јужна Осетија, но за среќа не експлодирала. Министерот за внатрешни работи Вано Мерабишвили рече дека тоа е чин на агресија. Русија го отфрли обвинувањето. Портпарол на руското воздухоловство рече дека ниту во понеделникот ниту во вторникот немало летови над Грузија. Русија финансики и морално ги поддржува напорите за отцепување на Јужна Осетија. Грузија е против независност на провинцијата.