1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грците протестираат, Ципрас е оптимист

ЖА
18 мај 2017

Со усвојување нови ригорозни мерки за штедење, грчкиот премиер Алексис Ципрас се надева на нова транша од програмата за финансиска помош. Грците пак се уморни од штедење, реагираат со штрајкови и протести.

https://p.dw.com/p/2dBH7
Griechenland Streiks gegen neue Sparmaßnahmen
Фотографија: Reuters/C. Baltas

Грчкиот парламент денеска би требало да ја одобри новата рунда мерки за штедење, што според очекувањата, ќе влијае на исплатата на новите транши помош за Атина и ублажувањето на нивниот долг. Левичарскиот премиер Алексис Ципрас има тесно мнозинство во парламентот за усвојување на законот со кој се предвидени резови од 4,9 милијарди евра во периодот од 2018 до 2021 година. Ципрас го прифати усвојувањето на уште една рунда намалување на пензиите од 18 проценти, како и пониски даночни олеснувања за да се одблокира исплатата на новата транша од кредитот. Грчкиот премиер Ципрас изрази оптимизам дека Парламентот ќе ја усвои новата рунда мерки за штедење и ќе се отвори патот за Грција да се врати на пазарот на капитал. Гласањето се очекува во доцните вечерни часови. Пред парламентот и денеска демонстрираат пензионери и незадоволни граѓани.Бродските превозници го продолжуваат штрајкот трет ден по ред.

Најмалку 18.000 демонстранти вчера протестираа на улиците на Атина и Солун против новите мерки за штедење, а земјата беше речиси парализирана од генералниот штрајк на кој повикаа синдикатите. 

Парламентот заседава, Грците протестираат