1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грците, Шпанците и Португалците си ја бараат среќата во Германија

АТ/ дпа/ ртр/ дапд/ кна15 ноември 2012

Бројот на доселениците во Германија годинава е драстично зголемен. Повеќето мигранти не доаѓаат од други делови на светот како, на пример, Африка, туку директно од Европската унија, како реакција на финансиската криза.

https://p.dw.com/p/16jv6
Фотографија: picture-alliance/dpa

Од јануари до јуни 2012 година во Германија се доселија 501.000 луѓе - тоа се 15 проценти повеќе отколку во првата половина на 2011 година, соопшти Сојузниот завод за статистика во Визбаден. Со тоа тоа продолжува трендот од 2011 година кога бројот на доселенциите во споредба со претходната година беше значително зголемен. Повеќето доселеници доаѓаат од државите на Европската унија.

Впечатливо е зголемувањето на бројот на мигрантите од кризните земји на еврото, односно од Грција, Шпанија и Португалија. Сите три земји страдаат од висока невработеност. Наспроти ова во Германија во некои бранши има недостиг на стручна работна сила. Германската влада веќе иницираше различни проекти за привлекување на странски работници.

Бројот на доселениците од Грција во првата половина од годинава се зголеми за околу 78 проценти, на речиси 16.000 лица, велат податоците на Државниот завод за статистика. Од Шпанија се доселија околу 11.000 лица односно 53 проценти повеќе отколку во првата половина од 2011 година. Исто така речи за 53 проценти е зголемен бројот на Португалците кои годинава дошле во Германија, односно 5.700 лица. 

Германија и натаму омилена меѓу Пољаците

Најголемиот број доселеници меѓутоа како и годините претходно доаѓаат од Полска. Оттаму во Германија дојдоа околу 89.000 луѓе што е зголемување за речиси 14 проценти во споредба со истиот период лани. Од источно европските земји, кои во 2004 година и се прикличија на ЕУ, миграцијата се зголеми за 20 проценти на 138.000 луѓе. Особено е зголемен бројот на Унгарците за 46 проценти. За споменатите земји од мај 2011 година е отворен пазарот на работна сила во Германија.

Friedensnobelpreis EU Europäische Union Symbolbild
Фотографија: picture-alliance/dpa

Зголемен е и бројот на луѓето и од другите делови на светот кои доаѓаат во Германија. Од Африка пристигнаа 12.500 луѓе односно десет проценти повеќе во споредба со минатата година. Од Америка се доселиле околу два проценти повеќе луѓе, додека од Азија седум отсто повеќе од лани.

Истовремено со покачувањето на бројот на доселениците се покачи и бројот на оние кои ја напуштиле Германија во првата половина од годинава. Но порастот овде е значително помал, квотата се покачи за околу шест проценти на околу 318.000 лица.  На овој начин т.н. салдо на доселување се покачи од 135.000 на вкупно 182.000 лица. Тоа е плус од 35 проценти.