1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција бара активирање на преговорите околу името на Македонија

22 октомври 2004

Ваквиот став на официјалните власти во Атина, што доаѓа по 13 годишен спор меѓу двете држави во врска со името на Македонија, денеска во Скопје ќе го пренесе грчкиот шеф на дипломатијата Петрос Моливијатис.

https://p.dw.com/p/AcKQ

,, Грција е подготвена за вистински, а не за привиден дијалог со Македонија, во врска со изнаоѓање решение за името на државата. Во Атина постои волја за активирање на преговорите со Скопје околу спорот,, соопшти грчкото министерство за надворешни работи.

Според властите во Грција, на неодамнешната средба на помошник министерот за надворешни работи, Јанис Валинакис и посредникот во ОН за решавање на спорот меѓу Атина и Скопје, Метју Нимиц, повторно била пренесена волјата за активирање на преговорите за името под покровителство на Светската организација. Валинакис истакнал дека Грција смета оти постои потреба од почеток на вистински дијалог со владата во Скопје заради наоѓање прифатливо решение за прашањето на името, во согласност со одлуките на Советот за безбедност на ОН.

Новиот став за осетливото прашање околу името на Македнија е прв толку отворен од грчка страна, откако почна спорот што трае 13 години. Предлогот да се активираат преговорите за името, на македонските авторитети денеска ќе им го пренесе шефот на грчката дипломатија Петрос Моливијатис, кој престојува во дводневна посета на Македонија.

Моливијатис денеска во Скопје ќе има работна средба со македонската министерка за надворешни работи Илинка Митрева, а утре ќе разговара со претседателот Бранко Црвенкосвки, премиерот Хари Костов и лидери на неколку политички партии.