1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција: Бизнисмени од нужда

Јанис Пападимитриу/Елизабета Милошевска Фиданоска18 април 2012

Речиси секој петти Грк е без работа. Многу луѓе од нужда почнуваат свој бизнис и мораат да се борат против рецесијата и лошиот морал на плаќање.

https://p.dw.com/p/14fdU
Фотографија: Jannis Papadimitriou

Јоргос Цонис се бори да преживее на професионален план. Во 2009 година машинскиот инженер почнал самостоен бизнис, откако ја загубил водечката позиција во фирма-ќерка на американско претпријатие за клима уреди. На таткото на две деца не му останало ништо друго освен да ги земе работите во свои раце. Заедно со уште еден партнер, Цонис среде криза ја основал својата фирма за топлински и клима уреди. Четириесетидеветгодишниот Цонис нуди се‘ - самиот увезува уреди од Јапонија и САД, развива индивидуални решенија за заинтересирани претприемачи или сопственици на куќи и помага дури и при монтажа. Работен ден од 12 часа за него е вообичаен. Така е дури и во сабота, вели Цонис. Сепак, работата не оди онака како што си претставувал.

Никој не плаќа

„Наша целна група се сите кои се активни во градежништвото. Но градежните претпријатија тонат се‘ пвоеќе во рецесија“, се жали Цонис. Од 2010 година оние што делуваат во сферата на топлинска и клима технологија имаат пад на работењето од 40 проценти. „Се разбира дека се прашавме дали е тоа добро време за основање фирма, но тогаш никој во Грција не можеше да го предвиди денешниот размер и темпо на рецесија“, вели Цонис.

Основачите на фирмата морале да ги менуваат своите планови поради кризата. Не вработиле, како што инаку планирале, четири лица, туку само едно. Книговодителот работи на дневница. Околу киријата за работните простории преговарале и добиле нова цена, но еден проблем останува нерешен до денес:

Giorgos Tsonis
Јоргос ЦонисФотографија: DW

„Моралот на плаќање на голем број муштерии е влошен и тоа за нас е огромна пречка“, оценува Цонис. Кога неговата фирма врши нарачки во странство, тој воопшто не може да си дозволи одлагање на плаќањето, поради тоа што странските лиферанти за своја сигурност бараат банкарски гаранции. „Но, кога стоката треба да се препродаде во Грција, во меѓувреме стана нормално да не се почитуваат роковите за плаќање или се издаваат чекови без покритие. “Против тоа не може да се направи многу. Кога со некого правиш бизниси 20 години и тој сега нема пари, тогаш поради еден чек без покритие нема веднаш да го пријавиш“, нагласува Цонис.

Без врски и поткуп

Сепак, претприемачот има намера да се бори и натаму. Тој има најдено искусен финансиски партнер и не е упатен на банкарски кредити. Освен тоа, и онака нема друга алтернатива.

И Филиа Милидаки се осмелила да зачекори во самостоен бизнис. Самохраната мајка студирала психологија во Франција и во 1990-тите била активна во истражувањето на пазарот. Попатно собирала и први искуства како советник на фирми и проект-менаџер за мали претпријатија во Атина. По долго породилно боледување, основала сопствена советодавна канцеларија за фирми на островот Сирос. Нејзино тежиште е посредување на ЕУ-програми за финансирање на мали претпријатија и туристички фирми на Егејот. Притоа, се бори не само со економски проблеми и одлагање на плаќањето, туку и со длабоко вкоренети проблеми на менталитетот, вели Милидаки.

Filia Minadaki
Филиа МилидакиФотографија: DW

„Се трудам да ги убедам луѓето дека не мораат да имаат роднина во надлежното министерство за да добијат пари од ЕУ“, вели насмевнувајќи се. „Но, повеќето имаат поинакви претстави или едноставно не сакаат да основаат фирми“. Притоа, можностите за добивање ЕУ-субвенции не се малку. Само треба да се има логичен концепт, објаснува 40-годишната Милидаки.

Кризата како шанса

На рецесијата Филиа Милидаки гледа со измешани чувства. Од една страна, повеќе ситни претприемачи барем покажуваат интерес за алтернативни начини на финансирање, а од друга страна таа се жали на неплаќање во време на кризи.

Многу клиенти сакаат да ги спуштат хонорарите за советниците или ги плаќаат со задоцнување. Тоа, се разбира, не е добро за нејзината деловна состојба, вели Милидаки: „Има и муштерии со кои долг период добро сум соработувала, но кои потоа ги губам затоа што во меѓувреме се насобрале многу долгови или некој од важните бизнис-партнери банкротирал“.

Syntagma Platz in Athen
Фотографија: AP

Советодавната работа се заснова на негување контакти и бара постојано максимален ангажман. Филиа Милидаки живее со спакуван куфер. Таа е постојано на пат и речиси и нема време за приватен живот. Но, вели дека не доаѓа предвид да работи како службеник, ако поради ништо друго, тогаш поради платата што би ја земала. „На островот Сирос висококвалификуваните мора да се задоволат со 700 евра месечно. Со овие пари во Грција, како самохран родител, не може да се излезе на крај“.