1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција во дипломатска офанзива за името

2 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/C0Oj

Паралелно со преговорите за разликите за името со Македонија, Грција води интензивна дипломатска офанзија во ОН, ЕУ и НАТО, пишува денешен грчки „Катимерини“. Според весникот грчките дипломати во меѓународните организации дистрибуирале документ во кој се содржани позициите на Атина за спорот. Меѓу компромисните имиња кои се предлагаат се и Горна Македонија или Нова Македонија, пишува „Катимерини“. Истовремено грчката министерка за надворешни, Дора Бакојани од понеделник оди во дипломатска офанзива за името низ поголемите европски градови. Прва станица и се Лондон и Берлин.